Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Повик за ангажирање на компанија за спроведување на CATI на пазар и подготовка на извештај кој ќе служи како основа за развивање на план за унапредување и развој на ПОГОН


Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации. Работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН, за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година и управувано од Здружението ЕСЕ. ПОГОН претставува  платформа за е-продажба (www.pogon.mk). ПОГОН се стреми да создаде одржливо место за работа за жените што претрпеле семејно насилство, да го подобри квалитетот на производите подготвени од неформалните бизниси предводени од жени, да ја зајакне соработката меѓу формалните и неформалните бизниси, како и да го поддржи развојот на локални производи и услуги произведени на немасовен начин. ПОГОН има основна цел да создаде формално место кое ќе ги спои сите неформални производители на стоки и услуги и ќе им обезбеди простор за легална и пообемна промоција и продажба. Покрај тоа, концептот вклучува развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство за да можат да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ). Како и да е, ПОГОН вклучува формални бизниси со цел да се поттикне и стимулира соработката и партнерството со неформалните и жените кои претрпеле семејно насилство. Главен предмет на продажбата на претпријатието се локални производи и услуги, и храна.

Со поддршка обезбедена со проектот IPA/2021/428-202/OCP-06 “ПОГОН – уникатна платформа”, поддржан ЦеПроСАРД, ЕСЕ објавува повик за ангажирање на компанија во периодот на ноември и декември 2022 година за спроведување на следните активности:

  1. Техничко ревидирање на прашалник развиен од ЕСЕ
  2. Изготвување на скрипта (програмски прашалник)
  3. Обука за анкетари
  4. Спроведување на истражување помеѓу 270 испитаници жени на возраст од 25 – 55 години
  5. Изготвување на Дата База во СПСС и ексел
  6. Валидизација (чиста и лабелирана дата база)
  7. Обработка на податоците, фрекфенции и вкрстени податоци
  8. Краток извештај со клучни наоди и препораки за унапредување на развојот на ПОГОН.

Компанијата треба да имаанајмалку петгодишно искуство во спроведување на истражувања на пазар.

Буџет

За ангажманот на компанијата е предвиден финансиски надомест во бруто износ од 2.500 EUR преку проектот IPA/2021/428-202/OCP-06 “ПОГОН – уникатна платформа” што ќе бидат исплатени во денари според средниот курс утврден на денот на прием на траншата од донаторите. Исплатата на надоместокот ќе се изврши во една транша по спроведувањето на претходно наведените активности.

Потребна документација за аплицирање

- Кратко резиме за искуството на компанијата во спроведување на истражувања и истражувања на пазар.

- Кратка биографија на експерите кои ќе бидат  назначени од компанијата за спроведување на активностите утврдени со овој повик.

-  Листа на спроведени CATI истражувања од страна на компанијата (име на истражување, и нарачател на истражувањето).

Податоците и материјалите кои ќе се добијат како продукт на овој ангажман остануваат во сопственост на Здружението ЕСЕ и истите ЕСЕ може да ги користи во своите редовни активности.

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  со назнака „Повик за истражување на пазар - ПОГОН”, најдоцна до 28 октомври 2022 година

 

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre