Повик за ангажирање на надворешен експерт за подготовка на е-програма за обука на стручните лица од институциите за постапување во случаи на семејно насилство

Оваа активност е дел од проектот “Enhance Access to Justice for Women who Suffered Domestic Violence”, кој го спроведува Здружение ЕСЕ со финансиска поддршка од фондацијата Квина Тил Квина. Основна цел на проектот е зајакнување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство.   Предвидената активност е дел од првата специфична цел на проектот, „Превенирање на семејното насилство за време на КОВИД-19 кризата, преку кампања за подигање на свесноста и обука за практичари“.

Објаснување:

И покрај тоа што семејното насилство е законски регулирано во државата од 2004 година, ефективната заштита на жените што претрпеле семејно насилство е оневозможена поради низата системски недостатоци во институционалниот одговор кон овој сериозен општествен проблем. Отсуството на системска едукација за практичарите од надлежните институции, несоодветното постапување и ниското ниво на координација помеѓу ЦСР, полиција и судовите се основните недостатоци на постоечкиот систем на заштита.

Здравствената криза предизвикана од КОВИД 19 придонесе за продлабочување на наведените проблеми и ја наметна потребата за преземање на мерки за адаптирање на постапувањето на институциите во случаите на семејно насилство. Истовремено, државата не презеде посебни превентивни мерки за организирање на почетна и континуирана едукација на вработените во надлежните институции, што дополнително ги ограничи можностите за ефективна заштита на жените кои претрпеле семејно насилство за време на пандемијата. Дотолку повеќе што со ратификувањето на Конвенцијата на Совет на Европа за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, нашата држава презеде обврска за интензивирање на превентивните активности и едукацијата на практичарите од институциите вклучени во системот на заштита.

1.       Основни и посебни цели

Основна цел на овој ангажман е подготовка на електронска програма за обука на практичарите (стручните лица) од полиција, ОЈО, судови, ЦСР кои работат на предмети за семејно насилство.  

Во оваа насока предвидено е ангажирање на експерт за реализирање на наведените посебни активности:

1.1.   Развивање на концепт за е-програма за обука на стручни лица за постапување во случаи на семејно насилство

1.2.   Инкорпорирање на следните модули во програмата за обука:

-          Меѓународни и регионални стандарди за заштита на жените жртви на насилство и дискриминација, со фокус на Конвенцијата на Совет на Европа за превенција и заштита од насилство врз жени и семејно насилство;

-          Национално законодавство за заштита на жените кои претрпеле семејно насилство;

-          Постапувањето на надлежните институции во предмети на семејно насилство.

1.3.  Подготовка на презентации/видео предавања, практични вежби и прашалници за проверка на знаење на стручните лица во секој од наведените модули.

 

2.       Буџет

За реализација на предвидениот ангажман се превидени финансиски средства во износ од 1.700 ЕВРА, во денарска противредност на денот на префрлање на средствата. Дополнителни 300 ЕВРА се предвидени за снимање и техничко средување на видео предавањата кои ќе бидат составен дел на модулите за обука.

 

3.       Искуство на експертот

-          Најмалку 10 години работно искуство во работа на предмети на семејно насилство

-          Искуство во подготовка и спроведување на обуки за стручни лица за постапување во случаи на семејното насилство

-          Активно учество во процеси на проценка и усогласување на националното законодавство  со меѓународни и регионални стандарди за заштита од семејно насилство

-          Искуство во работа со граѓански организации.

 

4.       Потребни документи за аплицирање на повикот

-          Кратка биографија;

-          Листа на обуки за стручни лица и процеси на унапредување на националното законодавство .

 

Ве молиме доколку сте заинтересирани потребните документи да ги доставите на е-маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака „ ангажирање на на надворешен експерт за подготовка на е-програма за обука на стручните лица од институциите за постапување во случаи на семејно насилство “, најдоцна до  04ти јуни , 2021 година.

 

28.05.2021