Обука за работа на полето на унапредување на менталното здравје на Ромите

Здружение ЕСЕ во периодот од 18 јануари до 01 февруари 2021 година организираше обука за работа на полето на унапредување на менталното здравје на Ромите. Обуката беше подготвена и спроведена од страна на експерти од Универзитетот во Севилја, Шпанија. На обуката покрај претставници на ЕСЕ учествуваа претставници од пет ромски граѓански организации. Тимот на обучувачи од Универзитетот во Севилја имаат богато искуство на работа на полето на унапредување на менталното здравје на ниво на заедница. Исто така имаат искуство во работата на унапредување на менталното здравје на Ромите во Шпанија. Воедно тимот на експерти применуваат немедицински пристап во активностите за унапредување на менталното здравје, преку соодветно адресирање на водечките причини во заедницата кои имаат негативно влијание врз менталното здравје. На обуката, учесниците имаа прилика да се запознаат со теоретските основи по однос на менталното здравје на поединците и на маргинализираните заедници, а воедно да се запознаат и со практични примери од примена на интервенции за унапредување на менталното здравје на овие заедници. Воедно како дел од обуката, секоја граѓанска организација подготви нацрт акционен план за тоа како може да се унапреди менталното здравје на ромските заедници каде што работат организациите. Овие нацрт планови организациите можат понатаму да ги искористат во нивната работа со ромската заедница. Спроведувањето на обуката беше финансиски поддржано од Фондацијата Отворено општество Македонија.