Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

Оддаваме почит

Со голема тага ја примивме веста за предвременото заминување на Кемал Исмаил. Кемал беше човек кој неуморно и посветено работеше за да и помогне на ромската заедница во Шуто Оризари. Кемал беше човек од народот и за народот, кој до последен момент работеше со најранливите луѓе од ромската заедница, човек кој несебично се обидуваше да му помогне како на секој поединец, така и на целата заедница. Кемал бешевистински граѓански лидер кој посветуваше големо внимание да ги зајакне младите ромски активисти во граѓанскиот сектор.   Кемал беше ценет соработник на ЕСЕ повеќе од 10 години, беше член на нашиот Извршен одбор, меѓутоа пред се Кемал беше наш драг пријател. Секогаш со радост ќе се сеќаваме на нашата успешна соработка, на нашите заеднички дружењa и многуте заеднички патешествија во изминатите години. Во овие моменти на тага нема зборови за утеха за семејството и за персоналот на Романо Чачипе. Единствено што можеме да кажеме е дека Кемал остави наследство и светол пример за тоа како треба да се гради граѓанскиот активизам во ромската заедница. Наследство кое веруваме дека ќе го следат многу млади ромски активисти и ќе ја продолжат работата каде што Кемал застана.

Почивај во мир наш драг пријателу, твојот лик секогаш ќе остане во нашите сеќавања. 

 

 

 

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre