Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права

ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите. 

Ќе работиме на континуирано оценување на нивото на проактивната и реактивната транспарентност на јавните институции, како и на нивото на транспарентност во постапките за јавни набавки. Ќе работиме на идентификување флуктуации во нивото на отвореност на јавните институции и недостатоците во постапките за јавни набавки, и ќе вршиме постојан притисок врз јавните институции посочувајќи го нивното заостанување и давајќи им до знаење дека нивната работа постојано се следи.

Ќе обезбедиме решенија и ќе ги следиме мерките што се веќе донесени и се однесуваат на унапредување на фискалната транспарентност и пристапот до јавни информации преку учеството во процесот за отворена влада.