Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои обезбедуваат правни и параправни услуги во насока на развивање и воведување показатели за мерење на пристапот до правда, а посебно за мерење на трошоците за пристап до правда. Паралелно со работата на воведување систематски промени, ќе ги градиме капацитети на параправниците базирани во заедниците како неформални механизми за обезбедување правна помош за да се обезбеди пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во општеството.

Ќе си поставиме предизвици за развивање соработка и отворање канали за комуникација за воведување и собирање релевантни податоци кои ќе ги посочат главните бариери со кои се соочуваат крајните корисници при решавање на нивните правни проблеми. Ќе преземеме континуирани мерки за да ја подигнеме јавната свест за важноста на пристапот до правда на национално ниво и за обврската на државата да ги исполни стандардите поставени во целта за одржлив развој бр.16.3. Ќе ги користиме сите можности за поднесување извештаи до релевантните меѓународни и регионални тела за човекови права.

Ќе инвестираме во собирање податоци кои ќе го олеснат пристапот до правда за жените кои се жртви на насилство, посебно во однос на финансискиот товар што тие мора да го понесат за решавање на нивниот правен проблем. Ќе спроведуваме мониторинг на граѓанските и кривичните постапки и дејствата што ги преземаат судиите во ваквите случаи. Од друга страна, ќе работиме на зајакнување и охрабрување на жените да покренуваат судски постапки за нивна заштита.