Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Контакт

 
Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ
ул. Максим Горки  20/1-4
1000  Скопје
Република Македонија
 
тел:   ++389 (0) 2  3298 295;  3298 296                     
факс: ++389 (0) 2 3211 453

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Gender Statistics Gaining Momentum But Much More Progress Needed

[NEW YORK] As the UN’s Beijing+20 summit came to an end last week, two UN statisticians told SciDev.Net that statistics on women’s development issues are finally making it onto the international agenda — though there is still much to do.

Twenty years ago 189 countries ratified the Beijing Declaration and Platform for Action in which they agreed to empower women. Yet at the summit this month (9–20 March), officially the UN’s 59th Commission on the Status of Women, statisticians said that, despite progress, proper collection of gender-related statistics is still a big challenge.

The disaggregation of gender statistics from development data is a particularly crucial issue for two of the main tenets of the 1995 declaration: preventing violence against women and women’s economic empowerment.

Keiko Osaki-Tomita, chief of the Demographic and Social Statistics Branch of the UN Statistics Division (UNSD), says the issue didn’t gain momentum initially due to a combination of political ignorance, non-publication of collected data, and the complexity of coordinating data across government agencies and ministries.

Повеќе...

12345

12345

Приоритети

 

Во периодот 2017-2020 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

- Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

- Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

- Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.

 

 

Наши идни определби... (2)

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ  од 1995 година работи на унапредување на социјалната и економската правда во областите на здравствените права (женско здравје, здравје на Ромите и права на пациентите) и еднаквите  можности на жените и мажите, преку обезбедување на директна помош, застапување за унапредување на законите и политиките, како и документирање и пријавување на случаите на прекршување на човековите права.

ЕСЕ претставува организација која има јасна визија и мисија и која постепено се развива во изминатите 17 години од нејзината работа. ЕСЕ континуирано истражува можности за примена на нови концепти и методологии во својата работа. Во последните пет години, само во областа на здравството, Здружението започна со примена на неколку концепти што се сметаат за нови и иновативни дури и на глобално ниво, како што се: мониторинг и анализа на буџети; мониторинг на заедницата; параправна помош и поддршка на ромската заедница итн. ЕСЕ ги применува новите концепти и методологии за да ја унапреди реализацијата на човековите права, особено здравствените права и да ја унапреди транспарентноста и отчетноста на националните и на локалните институции и установи од областа на здравството и здравствената заштита. ЕСЕ успешно ги комбинира и ги користи наодите добиени преку различните методолошки пристапи со кои им помага на маргинализираните групи соодветно да ги артикулираат своите потреби, односно води до спроведување на ефективни стратегии за застапување. ЕСЕ не ги ограничува своите напори за застапување само на национално ниво, туку слободно се впушта и во застапување пред различни меѓународни тела што се одговорни за спроведување на меѓународните документи за  правата на човекот преку подготовка на извештаи во сенка и други видови поднесоци.

Кога станува збор за капацитетите, треба да се нагласи дека ЕСЕ има мултипрофесионален тим кој поминува низ процес на континуирано јакнење на своите капацитети. Покрај јакнење на сопствените капацитети, се работи и на јакнење на капацитетите на другите граѓански организации преку обуки и обезбедување на техничка помош. ЕСЕ исто така членува и во повеќе мрежи на национално и на меѓународно ниво.

Во претстојниот период, односно од 2014 до 2017 г., ЕСЕ ќе работи на постигнување на следните специфични цели: проширување на мониторингот на програмите за превентивна здравствена заштита, од сегашните две  на пет програми; проширување на мониторингот врз буџетот на ФЗО; зголемување на транспарентноста на јавните институции преку мониторинг на јавно достапните податоци поврзани со буџетот; обучување на претставници на граѓански организации за примена на методологиите за мониторинг и анализа на буџети и мониторинг на заедницата од кои ќе биде формирана критична група на граѓански организации кои ќе работат на унапредување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции преку примена на овие методологии; зајакнување на капацитетите на ромските граѓански организации и ромската заедница заради активно барање на отчет од јавните институции и нивно вклучување во процесот на донесување на одлуки и известување во рамките на Универзалниот периодичен преглед пред Советот за човекови права на ООН во однос на спроведување на здравствените права во нашата земја.

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар