Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

 

Иницијална консултативна средба за отворено владино партнерство

Иницијална консултативна средба за отворено владино партнерство

Одржана консултативна средба на Иницијативниот одбор за формирање мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП) со институциите вклучени во процесот на ОВП

На 24 декември 2019 година, Иницијативниот одбор за формирање мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП)одржа средба со претставници од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Оваа иницијална средба имаше за цел започнување на процесот на консултации за потребата, улогата и постапката за воспоставување нова структура за координација на процесот на ОВП во Северна Македонија.

Иницијативниот одбор, кој се состои од 10 граѓански организации, го започна процесот на формирање мрежа на ГО за отворено владино партнерство. Повикот за пријавување на членки на мрежата е отворен до 30 декември 2019 година.

Основна цел на мрежата е да го координира и зајакне гласот на граѓанските организации кои се залагаат за партиципативност, отвореност и отчетност на властите. Мрежата ќе се залага за воспоставување нова структура за координација на процесот на ОВП во Северна Македонија соодветно на меѓународното искуство, со цел подобрување на комуникацијата и координацијата на сите вклучени страни и зајакнување на мониторингот и евалуацијата на активностите. Мрежата ќе учествува и придонесе за воспоставување на новата структура за координација и мониторинг на развојот и спроведувањето на НАП.

Овој процес е инициран во пресрет на подготовката на новиот национален акциски план, со цел за поорганизирано делување и влијание на граѓанските организации на неговото креирањеи  воспоставување организиран и востановен модел за координација и вклученост на граѓанското општество, институциите и другите засегнати страни во процесот на подготовка,развој и имплементација на акциските планови.

На средбата беа разгледани моделите на функционирање на структурите за координација на процесот на ОВП во другите земји и се разговараше за потребата од нова структура/тело за перманентен дијалог меѓу властите и граѓанското општество за ОВПкако и за улогата на мрежата на ГО во однос на оваа нова структура. Воедно, на средбата беше разгледан и беа разменети мислења и дадени насоки за унапредување на  првиот нацрт на моделот за оваа нова структура кој ги опфаќа нејзините цели, улога, задачи и начинот на креирање. Во наредниот период, ќе следат јавни консултации за нацрт-моделот на новата структура.

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар