ЕСЕ едуцира за подобрување на постапувањата на институциите во случаи на семејно насилство

Во тек е спроведувањето на обуката за ,,Јакнење на капацитетите на надлежните институции за обезбедување на ефективна заштита на жртвите на родово засновано насилство и семејно насилство, согласно Истанбулската Конвенција”, од страна на претставници на ЕСЕ.

Цел на обуката е едукација за правната заштита, превенција и справување со насилството врз жените, , со посебен фокус за подобрување на постапувањето на институциите во случаи на семејно насилство.

Истата е дел од проектот ,,Жените имаат права” на Хелсиншки Комитет за човекови права и е втора од вкупно три предвидени во рамките на проектот. Истата беше одржана во Велес, а следната ќе биде во Гостивар.

View the embedded image gallery online at:
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega/3133-ese-educira-za-podobruvanje-na-postapuvanjata-na-instituciite-vo-slucai-na-sn.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigFreeId17270178cf