Недела на граѓански организации: Пристап до правда за жени кои претрпеле семејно насилство

На ден 20ти јуни во Скопје, Здружението ЕСЕ организираше панел дискусија на тема “Пристап до правда за жени кои претрпеле од семејно насилство” како дел од „Неделата на граѓанските организации“ која се организира во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На средбата присуствуваа претставници од ЈУ МЦСР, МВР, судии како и претставници на голем број граѓански организации. Оваа панел дискусија се организираше со цел дискутирање на постоечките проблеми во системот на правна заштита од семејно насилство, како и утврдување на препораки за нивно надминување и унапредување на постапувањето на судовите и останатите институции вклучени во обезбедувањето на помош и заштита на жените кои претрпеле семејно насилство. За таа цел, за време на настанот беа детално елаборирани и дискутирани главните проблеми со кои се соочуваат институциите, како и главните пречки кои ги оневозможуваат жртвите да добијат ефектива правна заштита од семејно насилство, при што беа предложени и соодветни решенија за подобрување на сегашната ситуација.

На присутните им се обратија Стојан Михов, судија кривичар во пензија, Зора Треневска, судија од Апелационен суд во пензија, Радмила Карановиќ, судија од Основен суд Скопје 2 и  Наташа Бошкова, адвокат од Центарот за правна помош на ЕСЕ.  Од страна на ЕСЕ беа презентирани и наодите од спроведеното судско набљудување за периодот од март до мај 2018 година.

Во рамките на отворената дискусија, активно се вклучија повеќе учесници од ЈУ МЦСР, МВР и граѓанските организациии и дадоа конструктивни предлози за надминување на проблемите. Генерален е заклучокот дека за систематска и долгорочна превенција и заштита на жените кои претрпеле семејното насилство неопходна е  соработката и координацијата помеѓу сите засегнати чинители на ова поле.  

View the embedded image gallery online at:
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega/3027-nedela-na-go-pristap-do-pravda-za-zeni-koi-pretrpele-semejno-nasilstvo.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigFreeId7e748dabc6