Обука за социјална отчетност за граѓански организации од Бугарија и Романија

Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените учествуваше во спроведување на обука за методологиите за социјална отчетност за две граѓански организации од Бугарија и од Романија кои работат на полето на унапредување на здравјето на Ромите. На обуката учествуваа претставници од граѓанската организација „Thirst for life” од Сливен, Бугарија и од организацијата “O del Amenca” од Фетешти, Романија. На обуката на претставниците од граѓанските организации им беше презентиран методолошкиот пристап на работа на полето на социјална отчетност, како и методологиите кои се дел од овој концепт, како што се мониторинг во заедницата, социјална ревизија и мониторинг и анализа на буџети. Исто така на граѓанските организации им беа пренесени искуства од работата на ЕСЕ и партнерските ромски организации во Македонија. Двете граѓански организации во наредната година ќе работата на полето на унапредување на здравјето и пристапот до здравствената заштита на Ромите во општините каде што делуваат преку примена на методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување. Работата на организациите и спроведувањето на обуката е финансиски поддржано од Фондациите Отворено општество.  Обуката беше спроведена во периодот од 11 до 12 јуни 2018 година во Сливен, Р. Бугарија.

View the embedded image gallery online at:
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega/3025-obuka-za-socijalna-otcetnost-za-gragjanski-organizacii-od-bugarija-i-romanija.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigFreeId4d1b6717d7