Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Учество на студиска посета за социјално претприемништво во Познан, Полска

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во периодот од 22ри до 27ми април се организираше студиска посета за социјално претприемништво во Понзан, Полска, на која присуствуваа претставници од дел од граѓанските организации кои се поддржани во рамките на овој проект.  Здружение ЕСЕ со својот претставник Стојан Мишев учествуваше на студиската посета која беше организирана од страна на Фондација Отворено Општество Македонија  - ФООМ и Фондацијата Барка од Полска. Целта поради која се организираше оваа студиска посета е да се истражат можностите за поголемо вклучување на ранливите групи на граѓани од нашата држава во економски активности кои ќе придонесат за нивно зајакнување и осамостојување.

За време на посетата претставниците на граѓанските организации имаа можност да се запознаат со моделот на социјална економија кој се имплементира во Полска, како и да ги посетат релевантните институции, граѓански организации и социјални претпријатија кои се вклучени во системот на социјална претприемништво. Учесниците беа запознаени со законската регулираност на социјалната економија во Полска, но и со практичното имплементирање на овој модел од страна на сите надлежни чинители. Притоа, позитивно беше оценета улогата на сите институции кои се вклучени во системот на социјално прептриемништво, како што се центрите за социјална работа, Центрите за професионална и социјална интеграција, социјалните претпријатија, општините и др.

Претставниците од Македонија имаа можност да посетат разни социјални претпријатија кои беа организирани од страна на ранливите групи на граѓани во различни видови на економски активности: изработка на светилки за градина, оддржување на паркови и зеленило, оддржување на јавни патишта, подготовка на храна и кетеринг, изнајмување на коли, раководење со  детска градинка итн.  

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар