Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Барање за прибирање на понуди за осмислување и спроведување на кампања на дигитални медиуми за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАРАТЕЛОТ И ПРОЕКТОТ

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) од Скопје ги повикува сите заинтересирани компании да достават понуди за осмислување и спроведување на кампања на дигитални медиуми за потребите на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” (Grant Contract Ref. No. EuropeAid/151569/ACT/MK).

Мисија на Здружението ЕСЕ и опис на дејноста:

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ го развива и го помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.

ЕСЕ се води од својата посветеност кон решенија на проблемите. По пат на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската правда, притоа сметајќи дека правата на човекот претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на здравствените  права и правата на жените. Затоа сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите групи, и да влијаеме при креирањето на одржливи, долгорочни промени. Правиме многу повеќе од документирање, пријавување и осуда на нанесените неправди. Обезбедуваме правна и параправна помош и на тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и  да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, се застапуваме за менување на законите и политиките што влијаат врз спроведувањето на здравствените права и правата на жените. Застапуваме на национално, но, и на меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме „извештаи во сенка“ и  други видови документи за спроведување на меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела.

Општа цел на проектот Социјална отчетност за родова еднаквост:

Воспоставување на мрежа на граѓански организации кои ќе работат на промоција на социјалната отчетност како методологија за унапредување на родовата еднаквост.

Специфични цели на проектот Социјална отчетност за родова Еенаквост:

- Мониторинг и оценка на ефикасноста и ефективноста при трошењето на средства од Буџетот на РМ при обезбедување на активни мерки за вработување;

- Унапредување на капацитетите на локалните граѓански организации и локалните заедници (жени и мажи) за примена на методологијата на социјална отчетност со цел застапување за унапредување на родовата еднаквост; и

- Зголемување на видливоста на прашањата на транспарентност и отчетност во областа на планирањето и буџетирањето на политиките за родова еднаквост.

Времетраење на проектот: 36 месеци,  од 01 јануари, 2017 година до 31 декември, 2019 година.

II. ОПИС НА НАБАВКАТА:

- Изработка на месечни планови за содржина и објавување на истите на социјалните медиуми, преку Фејсбук, Твитер, ЈуТјуб, ЛинктИн и Инстаграм на апликантот и коапликантот, заедно со осмислување платени кампањи;

- Изработка, одржување и промоција на тематска интернет страница за потребите на проектот;

- Изработка на месечни извештаи за ефикасноста од спроведувањето на кампањата на социјалните медиуми и интернет страницата;

- Изработка на содржини на објави на социјалните медиуми на четирите локални партнерски организации;

- Изработка и објавување на две анимирани видеа;

III. ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОНУДИТЕ

Цените треба да бидат дадени како единечна цена по продукт и целосната понудата не треба да бидеповисока од 12.000 ЕУР за целиот период од договорот и истата не треба да вклучува ДДВ или било какви други јавни давачки. Понудите треба да се достават најдоцна до 27 февруари 2018 година.

Понудувачот би  договор во времетраење од 22 месеци, почнувајќи од 01 март 2018 година и завршувајќи до 31.12.2019 година.

Понудувачите треба да ги исполнат следните критериуми:

- Да имаат најмалку пет годни искуство во спроведување на кампањи на дигитални медиуми.

- Да имаат искуство во работа со граѓански организации. Искуство со проекти кои се однесуваат на промоција на правата на жените или родовата еднаквост ќе се сметаат за предност.

- Да обезбедат услуга по најниска цена.

- Да поседуваат капацитети и ресурси за спроведување на проектот.

Портфолиото на понудувачите треба да се состои од:

- Профил на компанијата (опис, ресурси, минато искуство);

- Портфолио од претходна работа (референтна листа на клиенти);

- Детална финансиска конструкција на понудата; и

- Копија од тековна состојба;

- Кратка биографија на лицата кои ќе работат на спроведување на кампањата .

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со набавката Ве молиме да не контактирате во пишана форма на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

 

Барање за прибирање на понуди за осмислување и спроведување на кампања на дигитални медиуми за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“


Овој проект е поддржан од Европската унија во рамките на програмата IPA Civil Society Facility and Media rogramme 2015.

Image result for eu flag             Image result for здружение есе              Image result for акција здруженска

Овој проект е финансиран од Европската Унија

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар