Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Струмица спроведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени до Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување на РМ за 2017 година. Процесот на мапирање на заедницата е спроведен во организација на Организацијата на жени на градот Струмица, а фацилитиран од Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување на РМ, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби.
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega/2919-gragjanite-na-opstina-strumica-sprovedoa-proces-na-mapiranje-na-zaednicata.html#sigFreeId198119bd2b