Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Соопштениe за медиуми - Граѓанскиот сектор пред Комитетот на Обединети нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Елиминација за сите форми на дискриминација кон жените

Женева, 30 октомври 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат

Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат. Ова е главната порака која македонските невладини организации ја изјавија во Женева пред Комитетот на Обединети нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Елиминација за сите форми на дискриминација кон жените од страна на Република Македонија.

Претставничките од невладините организации во Македонија, изјавија пред Комитетот, дека во периодот од 2008 до 2016 година, 70 жени се убиени во земјава, од кои што 51 е жртва на фемицид односно е убиена само затоа што е жена. А, 80% од нив, се убиени од интимен партнер. Тие потенцираа дека државата потфрли да обезбеди заштита на жртвите на родово базирано насилство.

Загрижува високата застапеност на семејното насилство во државата и отсуството на соодветна реакција од страна на надлежните институции. Државата не алоцира доволно финансиски средства за превенирање на насилството и не обезбедува ефективна правна заштита за жените кои претрпеле семејно насилство. Постои недостаток на размена на информации и несоодветна координација помеѓу релевантните институции во случаите на семејно насилство, особено во итни случаи, кога станува збор за изрекување, следење  и спроведување на привремените мерки на заштита. За кривичните дела кои се сторени како резултат на семејно насилство најчесто се изрекуваат условни осуди кои не соодветствуваат со тежината на делото и отежнителните околности во кои се случило насилството.

Повеќе...

Четврта обука за параправници

Здружението ЕСЕ одржа тродневна обука за параправници, со цел континуирано јакнење на капацитетите, односно зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

Теми на дискусија се: Извори на правото и системот на државно уредување; Семејно и наследно право; Постапување со полиција, ОЈО и кривичен суд; Семејно насилство, феноменологија и законска рамка. Станува збор за четвртата последователна обука која се организира на наведените теми, со цел совладување на знаењето од страна на параправниците. Од методолошки аспект обуката вклучи предавања од страна на обучувачите, како и пополнување на прашалници за проверка на знаењето од страна на присутните претставници на граѓанските организации. 

На обуката учествуваа претставници од граѓанските организации: ИРИЗ; Романо Чачипе; КХАМ; Гласен текстилец;  Хелсиншки Комитет; ХЕРА и ХОПС.

Истата е дел од активностите кои Здружението ЕСЕ ги имплементира во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повеќе...

Трет ден: Обука за социјална отчетност и правно застапување

На третиот ден од регионалната обука на учесниците им беа презентиран процесот на спојување на методите за работа на социјалната отчетност и правното зајакнување  со цел соодветно препознавање  и адресирање на проблемите на ромската заедница.

Дополнително се отвори дебата на кој начин да се решат проблемите на Ромската заедница и како да се имплементираат методологиите за социјална отчетност и правно застапување во иднина, со цел да се постигнат позитивни промени и подобрување на пристапот до здравствена заштита и степенот на користење на здравствените права на Ромите во регионот.

Исто така беше дискутирано по однос на можностите за заедничко делување и вмрежување на граѓанските организации од регионот кои работат на полето на унапредување на здравјето на Ромите.

Повеќе...

Втор ден: Обука за социјална отчетност и правно застапување

Зошто е потребно граѓаните да се вклучени во планирањето, спроведувањето и евалуацијата на законската регулатива и буџетот? Како се трошат народните пари? И дали сите граѓани имаат еднаков  пристап до здравствените услуги?

На вториот  ден од регионалната обука се дискутираше за горенаведените прашања и се отвори темата како да се превземат акции и стратегии за да се минимизира дискриминацијата на Ромите во здравствениот сектор и за правно зајакнување на оваа ранлива група како на локално, така и на национално ниво.

На учесниците им беа дадени примери како граѓанските организации кои работат во ромските заедници, како и самите Ромски заедници можат да имаат бенефит од вклучување во буџетскиот процес и буџетското застапување. Дополнително се разговараше за проблемите со кои се соочуваат преставниците/организациите и на кој начин да се решат истите со цел да се постигнат позитивни промени и подобрување на пристапот до здравствена заштита и степенот на користење на здравствените права на Ромите во регионот.

Повеќе...

Обука за социјална отчетност и правно зајакнување

Здружението ЕСЕ одржува обука за социјална  отчетност и правно зајакнување. Цел на обуката е унапредување на правата на здравје и пристап на здравствена заштита на Ромите во регионот.

На обуката присуствуваат претставници од пет земји: Македонија, Словачка, Унгарија, Бугарија и Романија, кои преку размена на искуства за социјална отчетност и правно зајакнување ќе придонесат за подобрување на правата на оваа маргинализирана група на национално ниво. 

Обуката ќе трае три дена и истата е поддржана од Фондациите отворено општество и Фондацијата отворено општество Македонија.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар