Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

Повик за ангажман на експерт за Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување

УСЛОВИ ЗА АНГАЖМАН НА ЕКСПЕРТ

Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на спроведувањето на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

И покрај амбициозните иницијативи, Ромите во Северна Македонија и другите европски земји продолжуваат да се соочуваат со длабоко вознемирувачка состојба во однос на нивните основни права и бариери за подобрување на нивната добросостојба. Феноменот на “antigypsyism” се покажа како силна пречка за спречување на фер и правичен пристап на Ромите до јавни услуги и исполнување на нивните основни човекови права. Ромите доживуваат социјална исклученост, особено во пристапот до вработување, образование, здравство и социјални услуги.

Прелиминарните наоди од работата на партнерските ромски граѓански организации во ромските заедници покажаа дека претходно споменатите состојби имале сериозно влијание врз ромските лица во периодот на пандемијата КОВИД-19. Лошите услови за живеење, придружени со сиромаштија и недостаток на пристап до информации, резултираа најмаргинализираните Роми да не можат правилно да ги следат неопходните превентивни мерки (често миење на рацете, користење средства за дезинфекција на рацете, купување или миење маски за лице или соодветна самоизолација во домаќинствата). Оваа состојба дополнително ги продлабочува стигмата и дискриминацијата и доведува до перцепција дека Ромите не ги следат заштитните мерки КОВИД-19. Покрај тоа, веќе постоечките бариери во однос на  пристапот до примарни здравствени услуги може да го спречат пристапот на ромските заедници до грижата за КОВИД-19. Како илустрација, во 2020 година во општината Шуто Оризари, немаше  општ лекар на примарно ниво и установа за тестирање на КОВИД-19.Пандемијата, исто така, влијаеше негативно на социјалните детерминанти на здравјето. Многу маргинализирани Роми не беа во можност да остварат приход за време на пандемијата, бидејќи работат во неформална економија, особено за време на рестрикциите. Покрај тоа, неформалното вработување направи многу Роми да не бидат подобни за мерките за економска поддршка на Владата. Недостаток на навремени и соодветни информации, придружени со неписменоста, особено дигиталната неписменост, претставуваа пречки за пристапот на Ромите до економските мерки на Владата.

Повеќе...

Ромските заедници имаат многу заеднички проблеми кои треба да се адресираат со цел тие да се подготват за справување и закрепнување по криза и кризни состојби

На ден 27, 28 и 29 јули во Прилеп, Карпош и Ѓорче Петров и Шуто Оризари се одржаа вторите средби на членовите на Советите на заедницата. На средбите се ревидираа активностите и резултатите од првата средба,  се дискутираше за социјалната кохезија и градењето на партнерствата и коалициите како услови за справување со кризи и кризни состојби, вклучувајќи и за можни сценарија и активности на коалициите за време на вакви состојби. Собраните информации и податоци ќе бидат искористени за подготовка на локални планови, кои подоцна ќе послужат како основа за идентификување на активности кои треба да се интегрираат во постоечките национални и локални политики релевантни за ова прашање. Следната средба на Советите ќе се одржи кон крајот на месец август кога се разгледуваат и дискутираат подготвените локални планови.

Повеќе...

Прва средба на Советите нa заедниците

На 13,14 и 15 јули се одржаа првите средби на Советите на заедницата во општините Прилеп, Карпош,  Ѓорче Петров и Шуто Оризари. Советите на заедницата се составени од претставници на различни институции и членови на заедницата кои имаат одредена улога во преземање на активности на справување на заедницата со последиците од кризи и кризни состојби. На средбата се собраа информации во однос на тоа како членовите на заедницата ја оценуваат сегашната подготвеност на заедницата да реагира и се справи во вакви состојби, односно кои се очекуваните кризни состојби кои преставуваат опасност за Ромските заедници, вклучувајќи и кои групи во заедницата се особено ранливи. Следната средба на Советите ќе се одржи во последната недела од месец јули на која членовите на институциите и членовите на Ромските заедници ќе дискутираат за приоритетите и активностите кои треба да се преземат во насока на унапредување на нивната подготвеност за реакција во криза и кризни состојби

Повеќе...

Средба за стратешко планирање на COPASAH Europe HUB

Во периодот од 12 до 14 јули 2021 година во Белград, ЕСЕ организираше регионална средба помеѓу претставници на граѓански организации од Србија, Македонија, Романија, Албанија и Унгарија, кои се дел од групата на организации кои учествуваат во градењето и поставувањето на COPASAH Europe HUB. На средбата учествуваа 13 организации (Roma Justice од Романија, PAD Foundation од Унгарија, Center for Social Advocacy од Албанија, КХАМ, Станица П.Е.Т., Фондација Отворено Општество Македонија, ХОПС, ИРИЗ, НРЦ, Романо Чачипе и Здружение ЕСЕ од Македонија, Medical University од Белград Србија и Media Education Center од Србија). Средбата ја фацилитираше Деби Бадлендер. За време на истата организациите работеа на утврдување на визијата, мисијата и приоритетните теми за COPASAH Europe HUB, како и идентификување на краткорочни и долгорочни цели на мрежата, активности итн.

Повеќе...

PHOTOVOICE – Моќна алатка во рацете на локалните заедници

Имајќи предвид историјатот, предностите и целта на оваа алатка, односно да им овозможи на луѓето да ги регистрираат и искажуваат силните страни и проблемите во заедницата во која живеат, да поттикне критичка дебата и знаење за важните прашања преку групни дискусии за фотографии и да помогне да се стигне до креаторите на политики и да охрабри носење одлуки во корист на заедницата, во рамки на проектот за градење на отпорноста на Ромската заедница кон кризите и кризните состојби Мирко Трајановски, соработник на ЕСЕ за ова прашање одржи обуки за претставниците на Ромските партнерски организации. Обуките се одржаа на 30 јуни за организациите кои работат во Ромските заедници во скопските општини и на 1 јули за организацијата која работи со Ромската заедница во Прилеп. Покрај запознавањето и целта на оваа техника, учесниците на обуката беа запознати со низа практични совети при користење на оваа алатка и  направија повеќе обиди за нејзино користење.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар