Во периодот од 15ти до 17ти јуни 2016 година во Тирана, Албанија, ОБСЕ/ОДИХР организираа „Годишна средба на судски набљудувачи 2016“. На настанот присуствуваа мисиите на ОБСЕ од различни држави, како и претставници на граѓански организации кои работат на полето на набљудување на судски постапки поврзани со остварувањето на човековите слободи и права.
Здружение ЕСЕ учествуваше со свој претставник на настанот, Стојан Мишев, асистент на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените. Од страна на претставникот на ЕСЕ беше модерирана тематската сесија „Род и различности“ на која беа разменети различните искуства во однос на набљудувањето на судски предмети поврзани со родово засновано насилство. Во рамките на оваа сесија беше презентиран Проектот на УСАИД за правна заштита на жените и постигнатите резултати во рамките на истиот.
На ден 24 јуни 2016 година (петок) во хотел Холидеј Ин, Скопје Здружение ЕСЕ во соработка со граѓанските организации кои работат на унапредување на здравјето на лицата кои живеат со ретки болести, членки на Националната алијанса за ретки болести во Р. Македонија одржаа конференција за печат под наслов „Унапредување на пристапот до здравствените услуги за лицата кои живеат со ретки болести во Р. Македонија“.
На конференцијата за печат се обратија: Борјан Павловски и Дарко Антиќ од Здружение ЕСЕ, Весна Стојмирова од Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ, Ања Босилкова од Здружение на граѓани за поддршка на лица со ретка болест ВИЛСОН Македонија и Драги Лулевиќ.
На 16 јуни, 2016 година Здружението ЕСЕ во соработка со Универзитетот Џон Хопкинс од САД спроведе еднодневна обука на 15 лица претставници на граѓански организации и ромската заедница од Шуто Оризари за спроведување на пилот истражување за оценување на здравствениот статус на Ромите во оваа општина. Обуката се одржа во хотел Континентал, Скопје. Оваа обука е дел од активностите од новиот интегриран концепт на социјална отчетност и правно зајакнување.
Работилницата се спроведе со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено Општество Македонија и Фондациите Отворено Општество, Њујорк.
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega.html?start=315#sigFreeId89d32d00f7
Марија Гелевска од Здружението ЕСЕ, на 58 -мата сесија на Комитетот за економски, социјални и културни права при ОН во Женева, укажа на повеќе проблеми во однос на правото на здравје на повеќе маргинализирани групи.
Во однос на здравјето на Ромите, беше укажано дека неповолните социо-економски и животни услови, пропратени со бариерите во пристапот до здравствените услуги придонесуваат за понеповолен здравствен статус и пократок животен век на Ромите од мнозинското население. До комитетот беше упатена загриженост за непостоење на специфични политики за подобрување на здравствениот статус на Ромите, односно дека во РМ не постои валиден Акциски план за Ромско здравје. Во Македонија не постои здравствена статистика разделена по етничка припадност што претставува сериозна препрека за соодветно планирање и имплементација на активности во однос на Ромското здравје. Во однос на здравјето на жената Ромка, беше посочено дека тие во недоволна мера се опфатени со Програмата за рана детекција на малигни заболувања, односно само 19% од жените Ромки на возраст од 24-60 години биле офатени со гинеколошко тестирање, односно ПАП тест во рамки на оваа програма во период од 2012-2014 година. Податоците од истражувањето на ЕСЕ укажуваат на постоење на промени во изведените ПАП тестови (абнормални епителни клетки) помеѓу Ромите,односно (16,5%, во споредба со сите останати спроведени тестови на ПАП во кои е утврдена неправилност, односно 7%).
Здружението ЕСЕ учествуваше во панел презентација во рамки на Регионалната Конференција „Заштита на жртви на трговија со луѓе – Пристап заснован на правата на жртвата во пракса“, која се одржа во периодот од 1-2 Јуни, 2016 година, во Белград, Република Србија. Регионалната конференција е организирана од страна на АСТРА – Акција против трговија со луѓе во партнерство со Меѓународниот форум за солидарност ЕММАУС од Босна и Херцеговија, Центар за женски права од Црна Гора, La Strada International и Ла Страда, Македонија.
Итстата беше организирана како втора фаза од „Balkans ACT Now!“, имплементиран во последните 4 години со поддршка на Европска Унија. Целта на конференцијата беше да ги презентира постојните практики на полето на тргивија со луѓе во четири земји на Западен Балкан: Србија, Црна Гора, Босна и Македонија.