Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Учество на работилница за унапредување на економските, социјалните и културните права на жените од Централна и Источна Европа

Во периодот 03-04ти октомври во Софија, Бугарија, претставници на Здружение ЕСЕ учествуваа на работилница организирана од страна на Европската мрежа за економски, социјални и културни права (ESCR-NET) и Бугарската фондација за родови истражувања (BGRF). Фокусот беше ставен на меѓународната рамка за човековите економски, социјални и културни права, односно можностите за нејзина примена во работата на организациите учеснички. Здружение ЕСЕ како членка на ESCR-NET учестуваше на овој настан заедно со организации од Бугарија, Албанија, Русија,  Белорусија, Украина, Чешка, Грузија, Унгарија, Молдавија и Киргистан.

Повеќе.. https://www.escr-net.org/news/2016/advancing-womens-escr-central-and-eastern-europe

Повеќе...

Проект за заштита на права од работен однос

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените -  ЕСЕ со финансиска поддршка од синдикатот CNV International од Холандија започна со реализација на Проектот за заштита на права од работен однос. Основна цел на проектот е обезбедување на соодветна правна заштита за работниците/чките, при што во рамките на истиот предвидено е спроведување на следните активности: подготовка на прашалник за собирање на податоци од основните судови за постапувањето во предмети од работен однос, вклучително и случаи на дискриминација и вознемирување на работно место; собирање на податоци и проценка на степенот на обезбедена судска заштита во овие предмети; промовирање на наодите, дискусија со основните судови и подготовка на препораки.

 

Обука за фацилитатори и аниматори

Во периодот од 12 до 16 октомври, 2016 година Здружението ЕСЕ со финансиска помош и поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија спроведе петдневна обука на претставници на партнерските ромски организации (ЦДРИМ, КХАМ и РРЦ) и претставници на ромската заедница од Шуто Оризари, Делчево, Виница и с. Црник кои во наредниот период ќе учествуваат во спроведувањето на активностите од новиот интегриран концепт на социјална отчетност и правно зајакнување. Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на лицата кои ги спроведуваат активностите од интегрираниот концепт на социјална отчетност и правно зајакнување во следните области: здравјето како концепт; право на здравје; заштита на здравствени права; здравствено осигурување; организација и финансирање на националниот здравствен систем; здравје на мајките и децата; и женско и репродуктивно здравје. Дополнително, обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на организациите за спроведување на прашалник во заедницата, како и заедничка подготовка на план на идни чекори за работа.

 

Заклучоци од регионалната конференција „Пристап до информациите и отворени податоци“

Zaključci sa regionalne konferencije „Pristup informacijama i otvoreni podaci“

Transparency International u Bosni i Hercegovini (TI BiH) 28. septembra 2016. godine organizovao je regionalnu konferenciju povodom Međunarodnog dana slobode pristupa informacijama pod nazivom „Pristup informacijama i otvoreni podaci“. Učesnici konferencije prisutnima su kroz prezentacije istraživanja primjene Zakona o slobodi pristupa informacijama u BiH i regionu, te kroz diskusiju nastojali približiti principe i standarde proaktivne transparentnosti, otvorenosti i odgovornosti.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар