Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Регионална Конференција „Заштита на жртви на трговија со луѓе – Пристап заснован на правата на жртвата во пракса“, 1-2 Јуни, Белград

Здружението ЕСЕ учествуваше во панел презентација во рамки на Регионалната Конференција „Заштита на жртви на трговија со луѓе – Пристап заснован на правата на жртвата во пракса“, која се одржа во периодот од 1-2 Јуни, 2016 година, во Белград, Република Србија. Регионалната конференција е организирана од страна на АСТРА – Акција против трговија со луѓе во партнерство со Меѓународниот форум за солидарност ЕММАУС од Босна и Херцеговија, Центар за женски права од Црна Гора, La Strada International и Ла Страда, Македонија.

Итстата беше организирана како втора фаза од „Balkans ACT Now!“, имплементиран во последните 4 години со поддршка на Европска Унија. Целта на конференцијата беше да ги презентира  постојните практики на полето на тргивија со луѓе во четири земји на Западен Балкан: Србија, Црна Гора, Босна и Македонија.

Повеќе

Повеќе...

Тимска работа и лидерство

Во периодот од 10 до 12 мај, 2016 година Здружението ЕСЕ во соработка со Владо Караев спроведе дводневна работилница за развивање тимска работа и лидерство. Работилницата се одржа во хотел Метропол, Охрид. На работилницата присуствуваа 40 лица претставници на партнерските ромски организации (ЦДРИМ, КХАМ и РРЦ) и претставници на ромската заедница од Шуто Оризари, Делчево, Виница и с. Црник кои во наредниот период ќе учествуваат во спроведувањето на активностите од новиот интегриран концепт на социјална отчетност и правно зајакнување.

Работилницата се спроведе со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено Општество Македонија и  Фондациите Отворено Општество, Њујорк.

Повеќе...

Регионална работна средба за Отворено Владино Партнерство 2016 година, Букурешт, Романија

На 21 и 22 април, 2016 година ЕСЕ учествуваше на работна средба за Отворено Владино Партнерство во организација на Амбасадите на Соединетите Американски Држави во Романија, Македонија, Бугарија и Словачка. Работната средба се одржа во Букурешт, Романија. На средбата учествуваа 26 претставници на граѓански организации, амбасади на Соединетите Американски Држави и јавни институции кои го координираат процесот на Отворено Владино Партнерство во земјите учеснички.

На средбата беше дискутирано за добрите практики во спроведување на иницијативата за Отворено Владино Партнерство и предизвиците со кои се соочуваат учесниците во оваа иницијатива на национално ниво. Воедно, за време на средбата беа разгледани и можностите за надминување на индентификуваните предизвици и заедничка соработка помеѓу земјите.

 

Работилница за јакнење на капацитетите на ЕСЕ на полето на родово буџетирање

Во текот на март, 2016 година  беше одржана работилница за родово буџетирање на која учествуваше персоналот на ЕСЕ Работилницата беше фацилитирана од страна на меѓународниот експерт  Debbie Budlenderи се одржа во Кејптаун,  Јужно Африканска Република.

На работилницата беа дефинирани целите и приодите за застапување и натамошните чекори на четирите полиња на кои работи ЕСЕ во областа на родово буџетирање: неплатена нега на тешко болни лица; бесплатна правна помош на жените жртви на семејно насилство; мониторинг и анализа на спроведувањето на ОРИО грантот;  и мониторинг и анализа на Националната стратегија за заштита од семејно насилство 2008-2011 година на РМ.

На работилницата ЕСЕ во соработка со експертот подготви нацрт план за работата на ЕСЕ на полето на макроекономска анализа од аспект на човекови правата.

 

 

 

Консултативна работна средба со IWRAW ASIA PACIFIC за мониторинг на судски случаи за насилство и дискриминација врз жените

Во периодот од 1ви до 5ти април 2016 година, во Бангкок, Тајланд, претставници на Здружението ЕСЕ присуствуваа на консултативна работна средба на организации кои спроведуваат мониторинг на тековни судски случаи поврзани со насилство и дискриминација врз жените. Овој настан беше организиран од страна на IWRAW ASIA PACIFIC, организација од Малезија со долгогодишно искуство во обезбедување на поддршка на граѓанските организации  во процесите на известување за спроведувањето на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената при ОН на национално ниво. На консултативната средба присуствуваа организации кои на национално ниво се вклучени во иницијативи поврзани со следење на постапувањето на судиите во постапките поврзани со насилство и дискриминација врз жените: семејно насилство, сексуално насилство  и др.  при што покрај Здружението ЕСЕ на средбата беа присустни организации од Либан и Пакистан.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар