Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ во месец октомври оваа година започна со реализација на двегодишниот проект „Патот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави – УСАИД, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Основна цел на проектот кој го спроведува Здружение ЕСЕ е подобрување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство, односно унапредување на кривичните и граѓанските судски постапки за заштита од семејно насилство.
На 05ти декември 2017 година во Скопје се организираше почетна средба со претседатели и судии од основните судови, со цел информирање за претстојниот проект и динамиката на заеднички активности. На настанот присуствуваа претставници од следните судови: Основен суд скопје 1, Основен суд Скопје 2, Апелационен суд Скопје, Основен суд Битола, Основен суд Тетово, Основен суд Гостивар, Основен суд Радовиш и Основен суд Прилеп.
Здружение ЕСЕ во рамки на активностите за “Стандардизирање и одржливост на обезбедувањето на различни видови на бесплатна правна помош” подржанo од Фондацијата Отворено општество Македонија - ФООМ во рамки на активностите за правно зајакнување- Legal Empowerment Shared Framework 2017, во периодот 9-11 јуни во хотел Романтик, Велес ја одржи првата обука за параправници. Како продолжение на заложбите за континуирано јакнење на капацитетите на параправниците во периодот од 1-3 декември, 2017 година во хотел Романтик, Дојран се одржа втората по ред обука за параправници. Оваа обука овозможи надополнување и надоградување на веќе стекнатите знаења и вештините на параправниците на темите и прашањата од областа на основната поделба на власт и извори на правото; казненото право и постапка; семејното и наследното право; граѓанската постапка и семејното насилство, како еден од видовите на насилство. Дел од обуката беше посветена на работа на случаи кои овозможија стекнатите знаења и вештини да се применат на различни видови на случаи кои беа предмет на интерес на оваа обука. На обуката присуствуваа 33 параправници (шест граѓански организации) кои обезбедуваат параправна помош и поддршка на различни ранливи групи на граѓани. Во насока на континуирано градење на капацитетите на параправниците,следната година планирани се низа на обуки на веќе утврдените прашања од интерес, како и на теми кои заеднички со параправниците беа утврдени при евалуација на веќе спроведените обуки.
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega.html?start=270#sigFreeId23d62fc78a
ОДБЕРИ КРАЈ. НЕ ПРИКРИВАЈ!
На прагот на 10 годишнината од усвојувањето на првата Национална стратегија за заштита од семејно насилство 2008-2011, сакаме да ја алармираме општата и стручна јавност дека во изминатиот период државата не покажа ниту доволно волја, ниту алоцираше финансиски средства за справување со овој сериозен општествен проблем.
Како резултат на ваквиот однос од страна на државата, постои тренд на постојана висока застапеност на семејното насилство во изминатите 10 години. Истражувањата укажуваат дека најзастапено е психичкото насилство, по кое следат физичкото и сексуалното насилство (види фуснота 1) [1]. Во континуитет жените кои претрпеле семејно насилство се соочуваат со повеќе проблеми кои го оневозможуваат нивниот пристап до правда.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост (ЕСЕ) во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, во рамките за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ поддржан од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите, објавува:
ПОВИК
За доделување на финансиска поддршка на граѓански организации
Во рамките на конкурсот обезбеден е фонд во вкупен износ од 40 000 eвра, од кој ќе бидат доделени 4 грантови во износ од 10 000 евра, наменети за финансиска поддршка на акции на застапување за родова еднаквост преку примена на методологии за социјална отчетност во областа на планирањето и спроведувањето на Програмите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) со посебен фокус на активните мерки за вработување.
Право на учество на повикот за доделување финансиска поддршка имаат организациите кои учествувале на двете воведни обуки организирани во рамките на проектот Социјална отчетност за родова еднаквост. Првата спроведена во периодот од 04 до 06 октомви, 2017 година и втората во периодот од 16 до 18 октомври 2017 година.
Средствата од акцизите за пиво, за етил алкохол и за цигари, кои секоја година ги добива Министерството за здравство, наменети за унапредување на здравјето на граѓаните, претставуваат потенцијален извор на средства за финансирање на програмите за намалување на штети. Половина од овие средства наместо за обезбедување здравствена заштита се користат за тековни трошоци на Министерството.
Прочитајте повеќе на следниот линк (24 страна):
http://hops.org.mk/sites/default/files/mag9-final-web_0.pdf