Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

 

 

 

Работилница за подготовка на локален план за застапување за унапредување на здравјето на мајките и децата и унапредување на гинеколошката здравствена заштита за жените во општината Шуто Оризари

Во периодот од 12 до 13 октомври 2017 година во хотел Арка во Скопје беше одржана работилница за подготовка на локален план за застапување за унапредување на здравјето на мајките и децата и унапредување на гинеколошката здравствена заштита за жените во општината Шуто Оризари.

На работилницата учествуваа 30 учесници од партнерските организации кои работат на интегрираниот концепт (социјална отчетност и правно зајакнување) во Шуто Оризари (ИРИЗ и ЦДРИМ), како и претставници од ЕСЕ и Фондацијата Отворено општество Македонија.

Работилницата се состоеше од едукативен дел и работен дел, во кој учесниците започнаа со подготовка на локалниот план за застапување.

 

Прв модул од обуката “Социјална отчетност за родова еднаквост”

Обуката “Социјална отчетност за родова еднаквост” се состои од два модули. Првиот модул од обука кој се одржа во периодот од 04 до 06 октомври, 2017 година во хотел Романтик, Дојран имаше за цел да ги запознае претставниците на присутните граѓански организации со методологиите кои ЕСЕ ги применува во своето работење од групата на методологии на социјална отчетност, како и да ги информира за активностите предвидени со проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” чија пак имплементација е финансиски поддржана од ЕУ. На првиот модул од обуката присуствуваа вкупно 30 претставници од 11 граѓански организации и претставници на ЕСЕ и Акција Здруженска.

 

Конференција за печат - Сегашноста и иднината на правото на пристап до информации од јавен карактер во Р. Македонија

Информација за медиуми

Наслов: Сегашноста и иднината на правото на пристап до информации од јавен карактер во Р. Македонија

На ден 28 септември 2017 година  (четврток) во МЕТАНОЈА литературно кафе, Скопје со почеток во 11:00 часот, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) во соработка со Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) и Центарот за економски анализи (ЦЕА), одржаа конференција за печат под наслов „Сегашноста и иднината на правото на пристап до информации од јавен карактер во Р. Македонија“. Со оваа конференција за печат го одбележавме меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имам право да знам”.         На конференцијата за печат Здружението ЕСЕ го промовираше краткиот документарен филм под наслов “Колку се транспарентни јавните институции во РМ”, а пак за време на истата се обратија м-р Дарко Антиќ, координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети од Здружението ЕСЕ; и Игор Митевски, помлад економист од ЦЕА. 

И по 11 години од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер граѓаните, граѓанските организации и новинарите сеуште се соочуваат со пречки во пристапот до информации од јавен карактер, а пак јавните институции се позатворени за јавноста.

Повеќе...

Повик за учество на граѓански организации во воведна обука „Активни заедници за отчетни институци“

Здружението за еманципација солидарност и еднаквост - ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска,  во рамките за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост “,  поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 - Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015 објавува:

ПОВИК

за учество на граѓански организации во воведна обука

Активни заедници за отчетни институци“

1.      Општи информации

Воведната обука се организира со цел да се зајакнат капацитетите на локални граѓански организации за примена на методологиите за социјална отчетност, а кои се во функција на застапување на родовата еднаквост во областа на активните мерки за вработување  во општините во кои дејствуваат.

Обуката придонесува во остварување на општата цел на проектот, односно формирање национална граѓанска мрежа од организации кои ќе усвојат рамка за граѓанско учество на жените; ќе користат ефективни методологии за оспособување на жените да ја повикаат владата на одговорност и да побараат отчет за нејзиното работење; и ќе се залагаат за родово-одговорно буџетирање и давање на услуги прилагодени кон потребите на жените.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар