Во просториите на Здружението ЕСЕ денес, 05.12.2017 год, се одржа втората по ред средба за развивање на стратегии за застапување на локално ниво со цел унапредување на пристапот на мајките и децата од ромските средини до превентивни здравствени услуги. Стратегиите за застапување на локално ниво предвидуваат низа на активности насочени кон локални јавни институции со цел преземање на мерки за решавање на проблемите со кои се соочуваат мајките и децата од Ромските средини во пристапот до услуги за превентивна здравствена заштита. Развивањето на стратегиите е финансиски поддржано од Фондацијата Отворено Општество Македонија и Фондациите Отворено Општество од Њујорк и се дел од редовните активности на ЕСЕ и партнерите.
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega.html?start=260#sigFreeIdb9d56ea300
Денес, 27.11.2017 год, се одржа работната средба на комитетот за разгледување на апликации добиени од граѓански организации за доделување на грантови за спроведување на акции за унапредување на пристапот на граѓаните до активните мерки за вработување и родова еднаквост. На средбата беа разгледувани апликации добиени од 10 граѓански организации, од кои комиетот даде позитивна оценка за поддржување на четири и тоа: ГИЖ Свети Николе, Организација на жените на општина Струмица, Женски Форум Тетово и Младински Културен Центар Битола.
Поддршката на граѓанските организации е дел од активностите на Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска поддржани од Европската Унија како дел од проектот „Социјална Отчетност за Родова Еднаквост”.
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega.html?start=260#sigFreeId41944e46ce
На 01 декември 2017 година, за потребите на ЕСЕ, беше спроведена работилница за развивање на стратешки план за застапување за унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето на јавните институции во РМ фацилитирана од Елена Готовска, експерт за стратешко планирање. Работилницата е дел од редовните активности на ЕСЕ за унапредување на фискалната транспарентност поддржани од ФООМ.
http://www.esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega.html?start=260#sigFreeId691435a419
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ во месец октомври оваа година започна со реализација на двегодишниот проект „Патот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави – УСАИД, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Основна цел на проектот кој го спроведува Здружение ЕСЕ е подобрување на пристапот до правда за жените кои претрпеле семејно насилство, односно унапредување на кривичните и граѓанските судски постапки за заштита од семејно насилство.
На 05ти декември 2017 година во Скопје се организираше почетна средба со претседатели и судии од основните судови, со цел информирање за претстојниот проект и динамиката на заеднички активности. На настанот присуствуваа претставници од следните судови: Основен суд скопје 1, Основен суд Скопје 2, Апелационен суд Скопје, Основен суд Битола, Основен суд Тетово, Основен суд Гостивар, Основен суд Радовиш и Основен суд Прилеп.