Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Струмица спроведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени до Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување на РМ за 2017 година. Процесот на мапирање на заедницата е спроведен во организација на Организацијата на жени на градот Струмица, а фацилитиран од Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување на РМ, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби.
Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество во Здружение ЕСЕ го спроведува проектот „Патеки до правда за жени кои претрпеле семејно насилство“, чија основна цел е подобрување на пристапот до правда за жени кои претрпеле семејно насилство.
На ден 18ти јануари 2018 година во Скопје се организираше втората работна средба за ревидирање на формулари (прашалници) за набљудување на судски предмети поврзани со семејно насилство. На средбата присуствуваа граѓански и кривични судии, судија од апелационен суд, адвокат, претставници на Здружение ЕСЕ и Колиција Сите за правично судење. Предмет на ревидирање беше прашалникот за собирање на податоци за граѓанските судски постапки за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство, претходно користен во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените. Претходно, во месец декември 2017 година, на првата работна средба се ревидираше прашалникот за следење на кривични судски постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство.
Зошто е потребно застапување за соодветно финансирање на програмите за намалување на штети од користење дроги? Какви промени очекуваме да се постигнат со застапување за соодветно финансирање?
Овие прашања, а и многу други, се обидовме да ги одговориме на регионалната обука за мониторинг на буџети и застапување организирана од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Тродневната обука која се одржа од 21 до 23 декември 2017 година, во хотел Романтик во Велес, ја спроведоа претставници на ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените од Скопје.
Новогодишната забава која ЕСЕ традиционално ја организира секоја година пред почетокот на новогодишните празници и оваа година беше реализирана на 14.12.2017 година. Со оваа активност ја потврдуваме нашата посветеност во работата со нашите клиенти, жените кои претрпеле семејно насилство, и воедно ја продлабочуваме соработката со нашите постојани и нови пријатели и подржувачи. Донации за овогодинешната забава обезбедија: Ineer Wheel Club Skopje Europea, Н.У Театар за деца и младинци Скопје, Кожувчанка ДОО Кавадарци и Стопанска Банка АД Скопје.
Изразуваме огромна благодарност до донаторите, како и до сите наши поддржувачи и соработници за поддршката во организирањето на Новогодишната забава (обезбедување на пакетчиња и билети за претстава) за децата на жените кои претрпеле семејно насилство.
Денес, 14 декември 2017 година, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) и Здружението за унапредување на родовата еднаквост “Акција Здруженска”, склучија договори за доделување грантови со четири граѓански организации од Струмица, Битола, Свети Николе и Тетово, во рамките на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”, финансиски поддржан од Европската Унија ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 - Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015 .
Почнувајќи од јануари 2018 година, ЕСЕ и “Акција Здруженска”; Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе; Организација на жените на општина Струмица; Здружение Женски Форум Тетово и Младинскиот Културен Центар од Битола заеднички ќе работат со граѓаните од овие општини со цел да се унапреди нивниот пристап до активните мерки за вработување на АВРМ.