Мрежата за заштита од дискриминација го презентираше истражувањето на влијанието што мерките за справување со ковид-19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници „Човековите права на маргинализираните заедници во услови на ковид-19“. Теренското истражување е направено помеѓу маргинализираните заедници: Ром(к)и, сексуални работници, луѓе што живеат со ХИВ, луѓе што употребуваат дроги, жени жртви на семејно насилство и ЛГБТИ. Извештајот опфаќа повеќе области, како: влијанието на забраната и ограничувањето на движењето, правото на образование, пристапот до правда, социјалната заштита и влијанието на економските мерки.
Обврската на државата кон маргинализираните заедници за време на пандемија, е од една страна, да го заштити здравјето и на овие заедници. Од друга страна, државата има обврска да донесе мерки кои ќе превенираат дополнително осиромашување и маргинализација на ранливите заедници поради кризата, преку непропорционален ефект на ограничувањата на правата кон овие групи за разлика од општата популација. Непропорционалниот ефект кон маргинализираните заедници од мерките за справување со пандемијата, можат да значат и индиректна дискриминација сторена преку пропуштање на пресретнување на специфичните потреби на овие заедници. Оттука, пандемијата на површина ги вади системските проблеми со социјална ексклузија, ограничен пристап до правда и до јавни услуги, несоодветна заштита од дискриминација и насилство, со кои континуирано живеат овие заедници.
Во рамките на оваа инцијатива изминатите месеци се спроведоа активности под трите клучни компоненти, односно:
- Формирање на Совети во заедницата по однос на јакнење на отпорноста на ромските заедници кон кризи и непогоди, во кои активно учествуваат претставници на ромските заедници, на граѓанските организации, како и претставници на институциите на локално ниво.
- Утврдување на проблемите и потребите на заедницата по однос на одговор кон кризи, преку спроведување на истражување во ромските домаќинства, и визуелизација на состојбите преку подготовка на 60 фото пораки.
![]() |
Фотопораки по општини
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Шуто Оризари |
Ѓорче Петров |
Карпош |
Прилеп |
- Подготовка на Локални планови за јакнење на отпорноста на ромските заедници кон кризи од страна на Советите во заедницата, и учество на Ромските заедница во процесот на нивното креирање.
Плановите на Ромски јазик по општини
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Шуто Оризари
|
Ѓорче Петров |
Карпош
|
Прилеп
|
Над 150 граѓански организации и претставници на академската заедница, вклучувајќи го и ЕСЕ потпишаа отворено писмо во кое ги повикуваат светските лидери да ги интегрираат човековите права во глобалната и националната политика и практика за животна средина.
Во пресрет на историските договори за климата и природата што се склучуваат следниот месец, повеќе од 150 граѓански организации и претставници на академската заедница, од повеќе од 50 земји, објавија отворено писмо во кое ги повикуваат светските лидери да ги интегрираат човековите права во политиката за животна средина.
За повеќе информации околу оваа инцијатива прочитајте го:
"Earlier today, OGP joined the North Macedonian multi-stakeholder forum to discuss their fifth OGP action plan, which has commitments by the Executive, Legislative and Judicial branches. The first of its kind in the region and an important step towards an #OpenState". (OGP tweet)
На ден 28.09.2021 година Здружение ЕСЕ организираше Национална конференција во рамки на работата на Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување.
На конференцијата воведни обраќања дадоа Јасминка Фришчиќ, Извршна директорка на ЕСЕ и Д-р Џихан Тавила од канцеларијата на Светската здравствена организација во Северна Македонија.
„Во спроведување на оваа инцијатива покрај тимот на ЕСЕ, учествуваа и 39 претставници на граѓанските организации и членови на заедницата, 49 членови на Советите на заедницата, а минимум 2.500 Ромски домаќинства земаа активно учество во утврдување на потребите на своите заедници. Заедно со претставниците на ромските граѓански организации, Ромската заедница и претставниците на институциите на локално ниво во општините Прилеп, Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Карпош, во населбите во кои живеат Ромите, работевме на популаризирање и промовирање на идејата за подготовка, навремен одговор и справување со различни видови на кризи од страна на самата заедница, како и на утврдување на можни бариери со кои се соочува оваа заедница, а кои можат да оневозможат или пролонгираат процесот на подготовка, навремен одговор и справување со различни видови на кризи“, истакна Јасминка Фришчиќ, извршна директорка на ЕСЕ, при тоа потенцирајќи го значењето на активното вклучување на ромската заедница во иницијативата, како и потребата од јакнење на соработката меѓу различните чинители на локално ниво.