Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

Фокус групи со жени жртви на семејно насилство

Во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените на ден 21.07.2015 година Здружението ЕСЕ организираше фокус група (група за дискусија) со жени жртви на семејно насилство, кориснички на услугите на Центарот за правна помош при ЕСЕ. Фокус групата е составен дел на активностите кои ЕСЕ ги презема со цел анализа постапувањето на институциите при пружање заштита на жените жртви на насилство и дискриминација.

Овие директни консултации со жените жртви на семејно насилство се од суштинско значење за соодветно идентификување на проблемите и недостатоците во секоја надлежна институција во системот на правна заштита за жените жртви на насилство и дискриминација. Податоците од спроведените фокус групи ќе бидат искористени за подготовка на конкретни препораки за унапредување на законите и политиките за заштита на жените жртви на насилство. 

 

Работна посета на колегите од Универзитетот Johns Hopkins, 07 -11, јули, 2015 година

Оваа година ЕСЕ  во соработка со колегите од Универзитетот Johns Hopkins работи на спроведување на оценка на влијанија на проектните активности за "Пристап до правдата", финансиски подржани од Фондациите отворено општество врз здравјето на корисниците на овие проектни активности.  

Имено, правното описменување и зајакнување , како стратегија за подобрување на здравствените права и резултати во областа на јавното здравство се во зародиш, при што постои недостаток на критички методи за оценување на ваквиот вид на проектите преку здравствена перспектива. Да се обезбеди поголема строгост и јасност во евалуација на влијанието на интервенциите од областа на правното описменување и зајакнување врз здравјето постои потреба од дефинирање на сеопфатната рамка која ќе ги постави односите меѓу правното описменување и и зајакнување и утврди потенцијалните индикатори за влијание. За да се дефинира ваква рамка, потребно е да се разгледа постојната релевантна литература за оценување на активностите за правно описменување и зајакнување, како и литература која содржи пошироко толкување и разбирање на разновидноста на целите и терминологијата која се користи за ова прашање.

Во рамки на оваа иницијатива во периодот од 7-11 јули, 2015 година во посета на ЕСЕ беше Katherine Footer, научен соработник при Центарот за истражување на јавно здавје и човекови права на Одделот за епидемиологија, Школа за јавно здравје на Универзитетот Johns Hopkins. Најголем дел од посетата беше посветен на запознавање на работата на ЕСЕ и ГО КХАМ од Делчево која на локалното Ромско население обезбедува параправна помош и поддршка од областа на заштита на здравствените права. За таа цел остваривме посета на заедницата во Делчево со која ГО КХАМ соработува по однос на ова прашање.

Како резултат на средбата беше подготвен нацрт на план за оценка на влијанието на активностите на ЕСЕ за социјална отчетност и правно описменување и зајакнување, која дополнително ќе се финализира до крајот на годината.

 

 

Одржан координативен состанок на организациите кои ги спроведуваат методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување и описменување во ромските заедници

На 24 јули, 2015 година во ГЕМ Клубот во Скопје се одржа првиот координативен состанок на организациите кои ги спроведуваат методологиите на социјална отчетност и правно зајакнување и описменување во ромските заедници за програмската 2015/2016 година во соработка со ЕСЕ, а финансиски поддржани од Фондациите отворено општество Њујорк и  ФОО Македонија. Предмет на дискусија на состанокот беше запознавање и информирање со активностите за спојување на методологиите за социјална отчетност и обезбедување на параправна помош и поддршка на полето на здравствени права  и идните чекори во однос на начинот на работа на ЕСЕ и организациите кои овие активности ги спроведуваат на локално ниво. На состанокот беа присутни 31 лице од Здружението ЕСЕ; ГО КХАМ од Делчево, Виница и с. Црник; ГО ЦДРИМ од Шуто Оризари; ГО РРЦ од Шуто Оризари и ФОО Македонија. 

 

Работилница за унапредување на работата на полето на социјална ревизија и застапување

Изминатиот викенд Здружението ЕСЕ, заедно со трите партнерски Ромски организации (КХАМ, ЦДРИМ И РРЦ) учествуваше на дводневна работилница за унапредување на работата на полето на социјална ревизија. За време на работилницата беа опфатени повеќе теми, како: претходни искуства на организациите во спроведување на концептот на социјална ревизија, социјалната ревизија и нејзината поврзаност со останатите концепти за социјална отчетност и подготовка на план и активности за застапување базирано на резултати од социјална ревизија и останати алатки за социјална отчетност, вклучително и мониторинг на буџети. Работилницата беше модерирана од страна на меѓународен експерт во оваа област, Абиџит Дас од Индија.

 

 

 

 

Работилница за стратешко планирање за вклучување на концептите за социјална отчетност во работењето на граѓанските организации од РМ

Здружението ЕСЕ, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија и Фондациите Отворено Општество, Њујорк, во втората половина на јуни 2015 година спроведе дводневна работилница за стратешко планирање за вклучување на концептите за социјална отчетност (мониторинг и анализа на буџети, мониторинг во заедницата и социјална ревизија) во работењето на граѓанските организации од РМ.

На работилницата присуствуваа вкупно 21 претставник од  девет граѓански организации од РМ, а кои работат во областа на здравството.

Работилницата беше модерирана од м-р. Дарко Антиќ, координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети од ЕСЕ и Зоран Стојковски, експерт во стратешко планирање за граѓански организации.

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар