Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Обезбедување на навремена и квалитетна услуга од страна на Службите за итна медицинска помош, како за Ромите, така и за сите граѓани на РМ

Неповолните социо-економски и животни услови, пропратени со бариерите во пристапот до здравствените услуги придонесуваат за понеповолен здравствен статус и пократок животен век на Ромите од  мнозинското население.  Според податоците од спроведеното истражување[1], 45% од мажите Роми и 64% од жените Ромки страдаат од хронични заболувања.

„Невзат,  е еден од 25000 Роми  кои страдаат од повеќе хронични заболувања (туберкулоза, бронхитис  и астма). Тој често има потреба од услугите на службата за Итна медицинска помош кои за него значат заштита на неговото здравје и живот. Но, службата за Итна медицинска помош  не одговара на секој негов повик„. 

Подготвеното видео ги илустрира бариерите со кои се соочуваат Ромите во пристапот до здравствена заштита, конкретно одбивањето на обезбедување на услугите од страна на службата за Итна медицинска помош. Главната цел која сакаме да ја постигнеме со петицијата е да се обезбеди навремена и квалитетна услуга од страна на Службите за итна медицинска помош, како за Ромите, така и за сите граѓани на РМ, на кои тоа им е потребно. Поради тоа, преку оваа петиција од страна на Министерството за здравство ќе го побараме следното:

- Подготовка и усвојување на унифициран тријажен протокол преку кој службите за Итна медицинска помош ќе утврдат дали треба да одговорат на барањата од граѓаните. Следењето на овој протокол ќе ја исклучи слободната процена на здравствените работници дали треба да одговорат на повиците.

- Аудио снимање на сите повици до службите за Итна медицинска помош и нивно долготрајно чување, на целата територија на РМ. Граѓаните на кои им било оневозможено правото на итна медицинска помош, оваа мерка ќе можат да ја искористат во понатамошните постапки за остварувањето на своите права.

Да се предвидат демографски стандарди за службите на Итна медицинска помош во мрежата на здравствени установи и да се изврши соодветно опремување на службите за Итна медицинска помош со кадар и опрема. Со ова ќе се овозможи навремена и квалитетна услуга на оваа служба на целата територија на РМ.



[1] Здравјето, здравствената заштита и влијанијата врз здравјето кај Ромите во Р. Македонија, Здружение ЕСЕ, 2008 година

 

Новогодишна забава за децата на жените кориснички на бесплатните услуги на Центарот за правна помош и Психолошкото советувалиште на ЕСЕ

Новогодишните празници се период кога сите ние даруваме и се трудиме да го направиме нашето опкружување посреќно.

И оваа година како и 18 години наназад Здружението ЕСЕ традиционално организира Новогодишна Забава за дечињата на своите клиенти.

На 28 декември 2013 година (сабота), во едукативниот центар на Зоолошката градина на градот Скопје, со почеток во 11 часот организиравме Новогодишен забава за 40 дечиња и нивните родители. Новогодишната забава се спроведе во два дела и тоа: 30 минути едукација на децата за животните и животинскиот свет и 30 минути забава со Дедо Мраз и делење на новогодишни пакетчиња.

Оваа новогодишна забава воедно имаше за цел да ја одбележи и да ја потврди нашата посветеност и работа на полето на унапредување на положбата на жената во нашето општество, постигнување на социјална правда и еднаквост.

Новогодишната забава е дел од Програмата за работа на ЕСЕ за 2013 година.

Реализацијата на овој настан беше поддржана со донации од: Зоолошката градина на град Скопје; Офис Плус Скопје; Ротари Клуб Скопје; Макпрогрес Виница и Рамстор Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар