Буџетот за превентивна здравствена заштита не е прогресивен и постојано се намалува

 

Со оваа анализа ја оценуваме важноста на програмата за рана детекција на малигни заболувања, заложбите на Владата за унапредување на здравјето на женската популација и оценување на стратешките приоритети на државата во поглед на здравствените потреби на населението.

Преку анализата на финансиското планирање и движењето на средствата од буџетите на Министерството за здравство, Здравствена заштита за превенција, Програмата за рана детекција на малигни заболувања и средствата за спроведување на активности за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената (карцином  на грло на матка) и спроведување на организиран скрининг на карцином на дојка за периодот од 2008 до 2012 година беа утврдени следните пропусти во работењето на јавните служби:

 - јазот помеѓу расходите и приходите во буџетот на Министерството за здравство секоја буџетска година  е се поголем

- владата на Р. Македонија и Министерството за здравство секоја година издвојуваат се помалку средства за превентивната здравствена заштита на населението

- средствата издвоени за спроведување на Програмата за рана детекција на малигни заболувања се незначителни во однос на Централниот буџет, буџетот на Министерството заздравство и буџетот за превентивна здравствена заштита

- буџетот за рано откривање, спречување и лекување на карциномот на грло на матка и карциномот на дојка е незначителен во однос на вкупните планирани трошоци во централниот буџет, буџетот на Министерството за здравство и буџетот за здравствена заштита за превенција  и е предмет на чести измени

- министерството за здравство не ги реализира во целост предвидените средства за превентивна здравствена заштита.

Целосен текст на анализата ...