Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Наоди од спроведена мониторинг на имплементација и буџет за рана детекција на малигни заболувања

Правото на превентивна здравствена заштита на секој граѓанин е загарантирано со Уставот и законите на Република Македонија. Видот и начинот на спроведување на мерките за превентивната здравствена заштита се уредени со Програмите за превентивна здравствена заштита на населението. Овие програми се усвојуваат од страна на Владата на РМ секоја година, а се спроведуваат од страна на Министерството за здравство. Дел од овие превентивни програми е и Програмата за рана детекција на малигни заболувања, која преку своите три компоненти предвидува низа на превентивни здравствени услуги за рана детекција на карциномот на грлото на матката, карциномот на дојката и карциномот на дебелото црево.

Водени од долгорочната мисија на Здружение ЕСЕ за унапредување на здравјето на жените и унапредување на транспарентноста и отчетноста на државните институции, ЕСЕ спроведе анализа на степенот на спроведување на планираните програмски активности и финансиски средства предвидени со Програмата за рана детекција на малигни заболувања во Р. Македонија за 2011 година (01.01.2011 до 31.12.2011).

Предмет на анализа се активностите предвидени во рамки на две компоненти од програмата – компонентата за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената (пилот скрининг на ракот на грлото на матката) и компонентата за организиран скрининг на карцином на дојка.

Целта на оваа анализа е да се утврди дали активностите биле спроведени во вид и во обем како што биле планирани, како и да се утврди дали финансиските средства од буџетот на Програмата биле потрошени за намената за која биле планирани и дали останале непотрошени средства.

Покрај тоа со оваа анализа даваме осврт на трендот на движење на планираните средства од буџетот на Програмата за рана детекција на малигни заболувања во периодот од 2008 до 2012 година, како и на учеството на овие средства во Централниот буџет, буџетот на Министерството за здравство и буџетот за здравствена заштита за превенција во истиот период. Исто така, низ истиот пристап даваме подетален приказ на движењето на средствата за спроведување на активностите за скрининг на карцином на грло на матка и карцином на дојка.

 

Наоди од спроведена мониторинг на имплементација и буџет за рана детекција на малигни заболувања

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар