Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Институционален одговор и организациски политики во однос на насилство на работно место

Сознанијата и резултатите од ова истражување овозможуваат пополнувањето на досегашниот вакум и отсуство на јасна политика и пракса на анализа на овие појави, како и отсуство на анализа на постапувањето на одделните институции, кои, според законските прописи, имаат мандат да постапуваат во случаи на психичко и сексуално вознемирување. Имено, иако постои генерално утврден законски мандат на постапување на овие институции, сепак не е јасна и прецизна постапката, потоа механизмите за заштита, како и надлежностите на секој формален актер од системот за заштита. Оттука, произлегува и не можноста на работникот – жртва на насилство на работното место да обезбеди соодветна и ефикасна заштита.

Предметната определеност на оваа анализа, т.е. утврдувањето на степенот на институционалниот одговор на надлежните институции кон насилството на работното место, но, исто така, и утврдувањето на степенот на развиеност на организациските капацитети и постапки за превенирање и заштита на жртвите на насилство на работното место, подразбираше земање предвид повеќе извори на сознанија и неколку методолошки постапки. Насилството на работното место за потребите на истражувањето се ограничи на две појави што беа во фокусот на ова истражување: психичкото вознемирување (мобинг) и сексуалното вознемирување.

Појдовна основа при реализирање на наведеното истражување е постоењето на законска основа во работното законодавство што ги регулира наведените појави, т.е. психичкото и сексуалното вознемирување на работното место. Ова истражувањето претставува суштествено надополнување на истражувањето „Насилство врз жени на работното место“, спроведено од ЕСЕ.

Структурната определеност на извештајот од спроведеното истражување произлегува од предметот и целите на истражувањето, па во оваа смисла извештајот е поделен на две предметни целини и тоа:

Прв дел: Постапувањe на институциите и другите актери во однос на насилството на работното место (психичко вознемирување и сексуално вознемирување).

Втор дел: Организациски политики во однос на насилството на работното место (психичко вознемирување и сексуално вознемирување).

Republic of Macedonia - Shadow Report on CEDAW

The report aims to represent the situation in relation to the level of compliance of the national legislation with the provision of the CEDAW Convention, as well as other relevant international treaties, the factual situation with regard to the discrimination against women in all spheres of society and provide insight in the achieved progress i.e. actions undertaken by the Republic of Macedonia upon the Concluding Comments of the UN CEDAW Committee issued in the last round of reporting by the state.

The following methodological procedures were conducted within the legal and factual analysis of CEDAW: content analysis; national survey; focus groups and individual interviews and request for collecting public information data.

The following civil organizations contributed to the drafting of this report: Women association “Bojana”, NGO “LIL”, Organization of women in the city of Skopje, Association of friendship among Turkish women, Women’s Forum Tetovo, Polio Plus, Republic centre for supporting the people with mental disability – PORAKA, HOPS, Association of young lawyers, Open Gate, H.E.R.A. and Coalition for sexual and health rights of the marginalized communities.

 

 

 

Заштита на права на пациенти - со фокус на лицата корисници на дроги

Правото на здравје е меѓународно признато право. За прв пат е дефинирано од страна на Светската здравствена организација како „право на секое лице на најдобро физичко и ментално здравје кое може да се постигне“.

Правото на здравје е најтесно поврзано со заштитата на правата на пациентите кои претставуваат збир од права, одговорности и должности според кои поединците бараат и примаат здравствена заштита.

Лицата кои употребуваат дроги и лицата зависни од дроги треба да имаат еднаков пристап до квалитетни и достапни здравствени услуги како и сите граѓани. Овие лица се под висок здравствен ризик, што вклучува предозираност и смрт, ширење на заразни болести (ХИВ, жолтица од типот Б и Ц) и нарушено соматско и ментално здравје. Дополнително, како резултат на нивната маргинализација, тие немаат доволно капацитет да се борат за остварување на своите права, при што е неопходно преземање на активности за информирање, унапредување и заштита на нивните права како пациенти.

 

 

 

Заштита на права на пациенти - со фокус на правата на Ромите

Правото на здравје е меѓународно признато право. За прв пат е дефинирано од страна на Светската здравствена организација како „право на секое лице на најдобро физичко и ментално здравје кое може да се постигне“.

Правото на здравје е најтесно поврзано со заштитата на правата на пациентите кои претставуваат збир од права, одговорности и должности според кои поединците бараат и примаат здравствена заштита.

Ромите имаат подеднакво право на пристап и користење на услугите кои се овозможуваат во рамки на мрежата на здравствени установи како и секој друг граѓанин во Република Македонија. Нивното маргинализирање во општествениот и во јавниот живот негативно се одразува и на степенот на остварување на правата регулирани со здравствените закони, меѓу кои предничат Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и Законот за заштита на правата на пациентите.

Заштита на права на пациенти

Од исклучителна важност е граѓаните да ги знаат своите права како пациенти, со цел да го препознаат нивното прекршување и да знаат на кој начин и каде можат да се обратат доколку сметаат дека некое нивно право е прекршено.

Од друга страна, исто така е важно пациентите да ги знаат и своите обврски за да им овозможат, меѓу другото, на здравствените работници што подобро да ја завршат својата работа и полесно да се дојде до крајната цел - што е можно подобра здравствена заштита и постигнување највисок степен на здравје што може да се постигне.

Познавањето на правата и обврските на пациентите, како и правата и обврските на здравствените работници, во голема мера придонесува за намалување на случаите на нивно прекршување и ја подобрува соработката меѓу пациентот и лекарот при носењето одлуки и давањето здравствени услуги.

При запознавањето со правата, обврските и механизмите опишани во оваа брошура, треба да се има предвид дека за пациент се смета секое лице, болно или здраво, кое ќе побара или на кое му се врши одредена медицинска интервенција со цел зачувување и унапредување на здравјето, спречување на болести и други здравствени состојби, лекување или здравствена нега и рехабилитација. Поимот „здравје“, кое е основно човеково право, е определен како состојба на целосна физичка, ментална и социјална добросостојба, а не само отсуство на болест или слабост.

Голема улога во создавањето на оваа брошура има и Европската повелба за правата на пациентите изработена во 2002 година од страна на Мрежата за активно граѓанство (европска мрежа на граѓански организации на потрошувачи и на пациенти), која не претставува правно обврзувачки документ, но е општоприфатена како најјасна и најсеопфатна презентација на правата на пациентите. Па така, поделбата и описот на секое право на пациентите се темели на оваа Повелба и на законските прописи, додека нивните обврски, правата и обврските на здравствените работници и механизмите за заштита на правата се темелат на постојната законска регулатива.

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар