Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Отворање на владата - Водич за најдобри практики на транспарентност, отчетност и граѓанско учество во јавниот сектор

Преводот на овој прирачник на македонски јазик е подготвен од страна на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) како дел од активностите на здружението за унапредување на транспарентноста и отчетноста zна јавните институции во РМ. Овие активности на ЕСЕ се поддржани од Фондација Отворено Општество Македонија.

Преводот на прирачникот има за цел да им овозможи на граѓаните на Р. Македонија полесно да дојдат до материјали поврзани со транспарентност, отчетност и граѓанско учество на македонски јазик.

Прирачникот содржи илустрирани објави и најдобри практики за: Обелоденување на средствата, Буџети, Финансирање на изборни кампањи, Финансии за климатските промени, Отворени владини податоци итн.

Прочитај повеќе...

 

Препораки за унапредување на спроведувањето на програмата за скрининг (рано откривање) на карцином на грлото на матката

Здружението ЕСЕ од 2012 година врши мониторинг на спроведувањето  на Програмата за рана детекција на малигни заболувања со посебен осврт на компонентата за скрининг, односно рано откривање на карцином на грлото на матката. Врз основа на резултатите од мониторингот на оваа Програма, Здружението ЕСЕ согледа дека постојат потреби за унапредување во спроведувањето на Програмата и со таа цел формираше работна група составена од релевантни експерти (листата на лица вклучени во работната група е дадена во АНЕКС 4) што работеше на подготовка на предлог мерките за унапредување на спроведувањето на Програмата. Овој документ е подготвен од страна на работната група и има за цел да даде препораки до Министерството за здравство со цел зголемување на опфатот на жени и унапредување на квалитетот на услугите предвидени со Програмата за скрининг за карцином на грлото на матката.

Препораки за унапредување на спроведувањето на програмата за скрининг (рано откривање) на карцином на грлото на матката

 

 

 

Водич за заштита од вознемирување на работното место

Вознемирувањето на работното место претставува сериозен општествен проблем што до неодамна го немаше добиено потребното внимание ниту од пошироката јавност ниту од надлежните институциите во нашата држава. Ова делумно се должеше на фактот дека до 2013 година немаше посебен закон што ја регулира оваа појава, односно иако вознемирувањето од 2005 година беше регулирано во Законот за работни односи, сепак не постоеше „прецизно утврдена постапка и механизми за превенирање и справување со случаите на вознемирување на работното место“.

Во 2013 година беше усвоен Законот за заштита од вознемирување на работното место со што се утврди системска основа за превентивно дејствување и процесуирање на случаите на вознемирување на работното место. Во Законот се содржани одредбите за заштита и се пропишани процедурите и механизмите што им стојат на располагање на жртвите на вознемирување на работното место. Одредбите за заштита од сексуално вознемирување се однесуваат на вработените лица, но и на кандидатите за вработување.

Водич за заштита од вознемирување на работното место

 

 

Имплементација на законот за заштита од вознемирување на работното место

Усогласувањето на нашето законодавство со европските директиви во однос на дискриминацијата и еднаквиот третман на мажите и на жените при вработување и на работното место резултираше со регулирање на појавата вознемирување на работното место.

Оваа појава за првпат е регулирана во 2005¹ година со одредбите во Законот за работни односи во кој се дефинирани појавите на психичко вознемирување (мобинг) и полово вознемирување на работното место. По нејзиното првично регулирање во Законот за работни односи, во 2009 година овој Закон беше дополнет со одредби што се однесуваат само на психичкото вознемирување (мобинг) на работното место. Малиот број предвидени одредби во работното законодавство воведени во 2005 и 2009 година не вклучија прецизно утврдена постапка и механизми за превенирање и справување со овој вид случаи. Овој заклучок беше потврден со наодите и препораките од спроведените истражувања на ЕСЕ во однос на ова прашања, кои укажуваа на потребата од законско уредување на оваа појава со посебен закон.

Од оваа причина, како дополнение на нашите досегашни акции во насока на системско следење на појавата вознемирување на работното место, спроведовме анализа за степенот на имплементација на Законот за вознемирување на работното место. Подготвената анализа укажува на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат работниците и работодавачите при спроведување на Законот и содржи препораки за нивно надминување.

Наодите од оваа анализа може да се користат за преземање на понатамошни акции на ова поле, односно алармирање и укажување на надлежните институции за потребата од имплементација на Законот во практиката, како и поттикнување и охрабрување на вработените да го користат Законот и законските можности за заштита во случаи на вознемирување на работното место.

Имплементација на законот за заштита од вознемирување на работното место

 

Прирачник за постапување на судовите во постапките за заштита од семејно насилство

Прирачникот за постапување на судиите во случаите на семејно насилство подготвен со крајнацел зголемување на степенот на судска заштита на жртвите на семејно насилство во граѓанските и кривичните судски постапки. Во истиот се вклучени детални информации за природата, карактеристиките, законската регулираност на семејното насилство, постапувањето на судиите во заштитата на жртвите и санкционирањето на насилното однесување на насилниците. Прирачникот е наменет за граѓанските и кривичните судии кои одлучуваат по предмети поврзани со семејното насилство и истиот може да се користи со цел соодветно применување на законските одредби кои налагаат заштита на жртвите на ова поле.

Впрочем, појдовна основа за подготовката на овој прирачник е фактот дека граѓанскоправниот и кривичноправниот систем на заштита претставуваат значаен механизам за заштита на жртвите на семејно насилство, при што од соодветната примена на законските одредби во пракса зависи сигурноста и безбедноста на жртвата и третманот на овој проблем во нашето општество. Истовремено, се упатува јасна порака кон насилниците за недозволивоста на нивното однесување и можноста за санкционирање и изрекување на законски предвидените казни. Од друга страна судиите можат активно да ги застапуваат интересите на жртвата и со тоа да повикаат на повисок степен на соработка и координација помеѓу останатите институции вклучени во системот на заштита, како што се обвинителството, полицијата, центрите за социјална работа и др.

Прирачник за постапување на судовите во постапките за заштита од семејно насилство

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар