Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Преглед на правната заштита на жртвите од вознемирување на работното место

Вознемирувањето на работното место и неговата законска регулираност во 2013 година ги создаде основите за уредување на правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на оваа појава, како и утврдување на мерките и постапката за заштита на жртвите од вознемирување на работното место. Од друга страна, пак, наодите од спроведеното истражување за организациските политики и институционалниот одговор во однос на појавата на вознемирување на работното место и анализата за степенот на имплементација на Законот за заштита од вознемирување на работното место, укажаа на неизбежната потреба од понатамошно надградување и унапредување на постојната законска рамка за регулирање на оваа појава.

За оваа цел, а и поради добивање на посеопфатни сознанија за регулираноста на појавата на вознемирување на работното место, изработивме споредбена студија на релевантната меѓународна и регионална законска рамка, од една страна и на постојната национална правна рамка на ова поле, од друга страна. Имено, целта на оваа студија е да ги анализира позитивните законски прописи и добри практики во однос на појавата на вознемирување на работното место во земјите членки и земјите аспиранти за влез во ЕУ, со цел тие да послужат како пример за унапредување на законската рамка за вознемирување на работното место во Република Македонија.

Повеќе...

Во 2015 година нема напредок во нивото на транспарентност на јавните институции во РМ

  • Пет од дваесет мониторирани институции не објавиле ниту еден податок за своето програмско и финансиско/буџетско работење (Министерството за здравство на РМ, Институтот за јавно здравје на РМ, Здравствениот дом Скопје, Центарот за јавно здравје Кочани и Општината Шуто Оризари).
  • Тринаесет од дваесет мониторирани институции не објавиле ниту еден податок за своето финансиско/буџетско работење, меѓу кои: Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Здравствениот дом Скопје, Центарот за јавно здравје Скопје, Министерството за труд и социјална политика, Центарот за јавно здравје Кочани, Владата на РМ, Општината Шуто Оризари, Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда.
  • Ниту една од дваесетте мониторирани институции во 2015 година не објавила:буџетски календар, предбуџетска изјава; поедноставна верзија на буџетот (граѓански буџет); предложени измени и дополнувања на буџетот и ревизорски извештај.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар