Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Во период кога се бележи драстичен пораст на доенечката смртност кај Ромите, Владата на РМ и Министерството за здравство ги кратат активностите и средствата наменети за унапредување на здравјето на мајките

Наоди од спроведениот мониторинг и анализа на имплементацијата на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во периодот од 2011 до 2015 година

Правото на здравје и превентивна здравствена заштита на мајките и децата е гарантирано со Уставот на РМ, Законот за здравствена заштита и други политики и програми насочени кон унапредување на здравјето на мајките и децата (Стратегија за безбедно мајчинство, Програма за активна здравствена заштита на мајките и децата итн.).

Владата на РМ е должна да го обезбеди ова право преку издвојување и реализирање на максимално расположливите ресурси во буџетот на РМ, притоа гарантирајќи дека сите граѓани, без исклучок, ќе имаат еднаков пристап до здравствените услуги. Дополнително, Владата на РМ треба планирањето на идните мерки и активности за здравствена заштита да го заснова врз реалните потреби на мајките и децата и врз ефектите што ги имаат постојните мерки за унапредување на состојбите.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар