ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ВООПШТО ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО РАБОТЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ треба да претставуваат основен принцип и вредност на секоја земја/Влада во светот со кој ќе се осигури поголема доверба во стабилноста на земјата и поголеми инвестиции и развој.
РЕАКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ претставува обезбедување на информации на барање на јавноста и таа се мери преку анализа на постапките за пристап до информации од јавен карактер, за секоја институција поодделно.
ПРОАКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ претставува доброволно објавување на информации и документи од страна на институциите, и таа се мери преку мониторинг на објавувањето или необјавување на клучни документи и информации.
РЕАКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ претставува обезбедување на информации за работењето на некоја јавна институција по претходно поднесено барање за пристап до информации од јавен карактер. Односно, станува збор за транспарентност преку примена на постапки пропишани со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
ПРОАКТИВНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ претставува објавување/пристапност на документи и информации за работењето на јавните институции, без истите да бидат побарани од страна на граѓаните. Проактивното објавување на документите кои во себе содржат податоци за работењето на јавните институции, со фокус на информации за нивното финансиско работење, претставува основа која им овозможува на граѓаните информирано да се вклучат во процесите на донесување на одлуки, самостојно да бараат промени, или пак да ги повикаат политичките избраници на одговорност.