Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Комерцијализацијата на здравјето значително негативно влијае врз нашето здравје

03.04.2020  

КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА ЗДРАВЈЕТО ЗНАЧИТЕЛНО НЕГАТИВНО ВЛИЈАЕ ВРЗ НАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Намалувањето или пак замрзнувањето на јавните трошоци за јавно здравство имаат значително влијание врз инвестициите, надоместување на социјалните бенефити, платите во форма на намалување   на   бројот   на   кревети   во   болниците,   финансирање   засновано   на   активности, затворање   на здравствени установи и укинување на одредени здравствени услуги... помеѓу останатите работи. Ваквите кратења на средствата недаваат можност на Властите да располагаат со поголем износ на средства кои ќе ги инвестираат во инфраструктура и за здравствени потреби, со што ги отвораат вратите за поголем број на приватни инвестиции. 

Приватните компании и меѓународни приватни групации, како што се Fresenius, ORPEA, Korian, Coliseum и Ramsay, купуваат институции, услуги   и гранка на активности и со тоа ги наметнуваат своите правила врз работењето на целиот здравствен сектор. 

Без разлика дали станува збор за „сребрена економија“ за секоторот кој обезбедува услуги за возрасни граѓани или за сочниот приватен пазар на осигурување за хоспитализација и здравствени услуги, медицински истражувања, фармацевтската индустрија, сето тоа има една цел, а тоа е профит за сопствениците, многу повеќе од интерес за општо јавно здравје.

Недостатокот на заштитна опрема, неорганизираноста на здравствените системи, непотребните истражувања,  недостигот   на   лекови... кризата   што   ја   доживуваме   денес,   ни   ги   покажува недостатоци во здравствениот систем и зошто е потребно тој итно да се промени.

Може ли приватните, профитабилни болници да ги задоволат предизвиците на КОВИД-19? Тие интервенираат само во втора фаза, кога јавните и непрофитните болници ги исцрпуваат сите свои материјални и човечки ресурси, или пак, ја користат слабоста/недовербата во јавниот здравствен систем. 

Приватните осигурителни компании не ги осигуруваат граѓаните од коронавирусот и нема да им дадат приоритет на оние на кои се осигурени да добијат кревет во интензивна нега. Но, како и да е, за  одредено  време  истите  ќе банкротираат  заради  тоа  што  ќе  треба  да  ги  обештетат  своите корисници од ризиците врз здравјето кои сега се реални. 

Здружението ЕСЕ, заедно со Европската мрежа против приватизација и комерцијализација на здравството   и   социјалната   заштита   и   Граѓанското   движење   за   здравје   од   Европа   (ПХМ) потенцираат дека само државно контролиран систем кој овозможува универзален пристап до услугите, заснован на солидарност во финансирањето и задолжително плаќање на осигурување, е доволно јак и ефикасен да го заштити населението од пандемии и штети кои влијаат животите на граѓаните. Особено, напоменуваме дека Европската унија, сите земји-членки и останатите земји од унијата,  задолжително  треба  да ја  преземат  одговорноста  за  неинвестирање  во  превенција  и заштита на здравјето на своите граѓани.

Ја  повикуваме  Европа  да  ги  разгледа  своите  политики  за    обезбедување  на  услуги  и  јавни  набавки, како и буџетските ограничувања наметнати на државите преку поставените буџетски стандарди.

Бараме од секоја Влада да системите на здравствена заштита и социјални услуги, кои се базирани на солидарност, да не подлежат на законите на пазарната економија.   

На 7 април, Светскиот ден на здравјето, се организираат повеќе активности низ цела Европа.  

Оваа година за прв пат Здружението ЕСЕ се приклучува кон петтата по ред кампања на Европската мрежа и ПХМ со која се повикуваат граѓаните, здравствените работници, здруженијата и сл. да се соберат на овој ден на заедничка акција против комерцијализација на здравјето. 

Поради пандемијата COVID-19 ги откажавме сите собири и акции кои значат физички контакт.  Затоа, го повикуваме секој граѓанин да ја покаже својата поддршка преку „ширење солидарност, а не вирус“. 

 

Како? Со акција „бел лист“ на 7 април:

1. Поставете бел лист со слоган на видливо место или направете постер во својот дом 

2. Фотографирајте се себеси со вашите пораки  

3. Поставете ги на социјалните медиуми  

• со додавање на ознаката #health4all

• и упатете ја пораката до вашите политички лидери 

 

Комерцијализацијата на здравјето значително негативно влијае врз нашето здравје

 

Прочитај повеќе во следната публикација:  

Како макроекономските политики влијаат врз расположливите средства за финансирање на јавното здравство во периодот од 2011 до 2018 година?

Информации за контакт: Дарко Антиќ Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.