Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

Шеста обука за параправници

Здружението ЕСЕ од 20 до 22 септември 2019 год. во Струмица, одржа тродневна обука за параправници, со цел континуирано јакнење на капацитетите, односно зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

Теми на дискусија беа: Семејно насилство, застапеност и карактеристики; Предрасуди за семејното насилство; Принципи на работа со жени кои претрпеле семејно насилство; Граѓанско –правна заштита од семејно насилство; Кривично –правна заштита од семејно насилство; Вознемирување на работно место, застапеност и карактеристики  и  Законски механизми за заштита од вознемирување на работно место. Станува збор за шеста последователна обука која се организира со цел совладување на знаењето од страна на параправниците. Од методолошки аспект обуката вклучи предавања од страна на обучувачите, како и пополнување на прашалници за проверка на знаењето од страна на присутните претставници на граѓанските организации.

На обуката учествуваа претставници од граѓанските организации: ИРИЗ; Романо Чачипе; КХАМ; Хелсиншки Комитет и ХОПС.

Истата е дел од активностите кои Здружението ЕСЕ ги имплементира во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

 

 

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre