Петта обука за параправници

Здружението ЕСЕ од 21 дo 23 јуни 2019 год. во Охрид, одржа тродневна обука за параправници, со цел континуирано јакнење на капацитетите, односно зајакнување на знаењето и вештините на параправниците кои обезбедуваат помош и поддршка на ранливи групи на граѓани, како што се Ромите, текстилните работнички, сексуалните работнички, корисници на дроги и др.

Теми на дискусија беа: Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот; Кривични дела против работните односи; Кривични дела против половата слобода и морал; Кривични дела против бракот, семејството и младината; Кривични дела против здравјето на луѓето  и  Кривични дела против јавниот ред . Станува збор за петта последователна обука која се организира со цел совладување на знаењето од страна на параправниците. Од методолошки аспект обуката вклучи предавања од страна на обучувачите, како и пополнување на прашалници за проверка на знаењето од страна на присутните претставници на граѓанските организации.

На обуката учествуваа претставници од граѓанските организации: ИРИЗ; Романо Чачипе; КХАМ; Хелсиншки Комитет; ХЕРА и ХОПС.

Истата е дел од активностите кои Здружението ЕСЕ ги имплементира во рамките на Проектот „Заедничка рамка за правно описменување и зајакнување“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

View the embedded image gallery online at:
http://www.esem.org.mk/en/index.php/what-we-do-now/3125-petta-obuka-za-parapravnici-06-2019.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigFreeId862ac151e1