Повик за ангажман на лице/компанија/конзорциум за градење на вештини на жените што претрпеле насилство за изработка на дизајнерски продукти и водење на бизнис и продажба
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.
Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ. www.pogon.mk е платформа која овозможува изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги. Покрај тоа, ПОГОН има за цел да овозможи простор за развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство со цел да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ). Преку ПОГОН на им помагаме на жените што претрпеле семејно насилство, на следниот начин:
- обезбедување на обуки на жени што претрпеле семејно насилство за водење на бизнис и развој на вештини за занаетчиство.
- обезбедување на алати и материјали за изработка на занаетчиски производи.
- помош при пласирање на производите под брендот на ПОГОН.
- профитот остварен преку продажбата на онлајн платформата ПОГОН, е целосно наменет за обезбедување на правна и психолошка помош и поддршка за жените што претрпеле семејно насилство.
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ КРЕАТОРИ НА СОДРЖИНИ НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.
Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН (www.pogon.mk), за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година од Здружението ЕСЕ.
http://mzd.mk/mk/vesti/stav_zro/
Од 2018 година, Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост континуирано го следат процесот на изготвување на новиот текст на Законот за работните односи. Имајќи ги предвид најновите случувања и јавните расправи за текстот на Законот, организирани од Министерството за труд и социјална политика во повеќе градови во државата, одлучивме заеднички да реагираме за неколку клучни аспекти во целокупниот процес и за текстот на законот.
Најпрво, го поздравуваме тоа што новиот Закон за работните односи за првпат зборува за платено мајчинско, татковско и родителско отсуство. Вака регулираното родителско отсуство ќе биде од особено значење за раниот развој на детето и сметаме дека ќе придонесе и кон системски промени за унапредување на родовата еднаквост. Платеното родителско отсуство за татковцитe и за мајките дава вистинска предност за работните семејства и овозможува порамномерна распределба на домашните обврски и грижата за децата, а со тоа и можност за поеднаква распределба на одговорностите во иднина и влијание на одлуките на родителите за тоа како да ги распределат ресурсите за згрижување деца, домашна работа и платена работа во подоцнежните години. Промовирањето подобри политики за родителско отсуство ширум светот – и охрабрувањето на татковците да ги искористат тие политики – се клучни за благосостојбата на семејството и на пошироката заедница. Меѓутоа, неопходно е допрецизирање на ваквите законски измени, односно, Законот да предвиди дека правото на отсуство поради бременост и родителство се исплаќа во целост (100% од платата) на товар на Фондот за здравствено осигурување. Таквото допрецизирање е потребно за да се спречат основи за дискриминација на кандидати и кандидаткипри вклучување на пазарот на трудот и нивно ставање во понеповолна положба поради користење на ова законско овозможено право.
Гостување на Координаторот на Програмата за јавно здравје и здравје на жените на Слободен печат – Слободна ТВ, на која без изнесени барањата на Здружение ЕСЕ за зголемување на буџетот на Програмата за рана детекција на малигни заболувања, како и барања за унапредување на опфатот на жените со Програмата за скрининг на ракот на грлото на матката. Воедно при гостувањето, Координаторот ги изнесе и наодите од истражувањето на ЕСЕ, кои се однесуваат на бариерите со кои се соочуваат ранливите групи на жени во однос на пристапот до услугите за скрининг на рак на грлото на матката.
Во месец јануари посветен за борба против ракот на грлото на матката, потсетуваме дека Владата го намали буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2023 година за 2 милиони денари во однос на 2022 година. На крајот од месец јануари Програмата за рана детекција на малигни заболувања се уште не е објавена во Службен Весник на РСМ, што значи дека се уште не се знаат ниту планираните активности, ниту целната возрасна група на жени кои треба да бидат опфатени со скринингот.
Во Северна Македонија, секоја година умираат околу 40 жени од рак на грлото на матката, додека над 350 жени годишно се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и се подложени на агресивни третмани со хемотерапија и зрачење поради тоа што болеста е откриена во напредна фаза. Поразително е сознанието дека сите овие смртни случаи и лекување со агресивни третмани може да се спречат, доколку промените бидат навремено откриени. Но државата наместо да ги зголемува финансиските средства и да го зголемува опфатот на жените со програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, бележиме кратење на буџетските средства за оваа намена.
Поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година со скрининг на рак на грло на матката опфатени се само 22% од жените од целната возрасна група, што е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија кој изнесува над 75% од жените.
Во 2022 година Министерството за здравство го укина праќањето на покани до жените за да направат гинеколошки преглед со ПАП тест и ја воведе интернет платформата skrining.mk за жените сами да се пријавуваат за преглед со ПАП тест. Но се поставува прашањето дали оваа мерка претставува унапредување или уназадување на Програмата за скрининг. Согласно на изјавите од Министерството за здравство во 2022 година на само 12 194 жени им е направен ПАП тест по пат на закажан преглед преку интернет платформата, што претствавува само 10% од целната возрасна група.