Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

Соопштение за Медиуми - Дали е среќен 8-ми Март?“

Соопштение за Медиуми

„Дали е среќен 8-ми Март?“ - трет марш по повод Меѓународниот ден на жената

,,Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме дека веќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените.’’ Вака започнува Прогласот од третиот марш за права на жените и борбата за родова еднаквост, кој се одржа под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“.

Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец, каде неколку активистки јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.

,,Континуираната социјална, економска и политичка нееднаквост на жените во Македонија е причината поради која денес сме собрани да го  изразиме нашиот револт, загриженост и разочарување.  Жените и понатаму се неактивни на пазарот на труд, иако се повеќе образовани од мажите. Насилството врз девојките и жените е жална реалност во нашето општество. Стереотипите, омразата и мизогинијата е присутна не само во приватната сфера, туку и во јавниот дискурс.’’- изјави Снешка Илиќ од Реактор- Истражување во акција.

Read more...

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието: Неговото донесување арбитрарно се одолговлекува што ги лишува граѓаните од ефективни и ефикасни механизми кои ќе ги заштитуваат од дискриминацијата со која секојдневно се соочуваат во различни области.

Со цел пресретнување на роковите за следниот извештај на Европската Комисија, избегнување на понатамошно одолговлекување и понатамошни повреди на човековите права на граѓаните, седум мрежи на граѓански организации и 100 здруженија и фондации одржаa конференција за медиуми пред Собранието на Република Северна Македонија каде изнесоа барања за итно донесување на Нацрт-законот за спречување и заштита од дискриминација, кој од јули 2018 година е влезен во собраниска процедура. Односно Собранието веднаш да свика седница на матичното тело за Законот, Комисијата за труд и социјална политика, и да ја заврши законодавната постапка пред претседателските избори.

Read more...

Проект: „Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда“

Здружението ЕСЕ беше дел од информативната средба за граѓански организации вклучени во проектот  на Асоцијацијата Сонце од Тетово ,,Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда“, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија - ФООМ.

На средбата, претставникот на ФООМ ги информираше учесниците за поддршката која ФООМ ја обезбедува генерално во рамките на мрежната стратегија за правно зајакнување, како и поддршката за оваа иницијатива.

Претставниците на Асоцијацијата Сонце дадоа осврт на претходно постигнатите резултати на ова поле, при што нагласија дека  овој проект ќе  овозможи понатамошно јакнење на капацитетите на  веќе воспоставените структури, како што се медијаторите и локалните акциски групи во заедниците во кои работат.

Read more...

Национален форум: Промовирање на извештај за владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој

Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, Здружението ЕСЕ и Коалиција Маргини, со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) организираше национален форум за презентирање на извештајот за имплементирањето на оддржливата развојна цел на Обединети Нации „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“.

Целите за одржлив развој (SDG's) претставуваат глобален повик за акција на ОН за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда. Притоа,  пристапот до правда е препознаена како посебна оддржлива развојна цел, чија имплементација директно придонесува за економскиот развој на општеството.

Националниот форум се оддржа на ден 14ти февруари 2019 година, од 12:00 до 14:00 часот и на истиот беа презентирани главните наоди од извештајот, на кој учество земаа над 40 претставници на владата, министерствата, институциите, граѓанските организации и меѓународните организации кои работат на ова поле.

Read more...

Консултативен процес на високо ниво со цел трансформација на здравствениот систем

ЕСЕ е дел од настанот одржан со цел за постигнување на универзална покриеност со здравствена заштита, со фокус на човечките ресурси во здравствениот систем. Настанот е организиран од МЗ во соработка со СЗО, а учествуваа и претставници од Министерствата за здравство на Бугарија, Албанија и Црна Гора. На настанот се дискутираше по однос на мерките кои треба да се преземат со цел зајакнување на човечките ресурси во здравството, со фокус на примарното ниво. И истиот има цел да се обезбедат достапни и квалитетни здравствени услуги за населението.

 

 

 

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre