Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:
П О В И К З А П Р И Б И Р А Њ Е Н А П О Н У Д И
за набавка на полимерна глина за изработка на уникатни рачно изработени производи во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените
Повикот се однесува за набавка на полимерна глина за изработка на уникатни рачно изработени производи, во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените, во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.
Понудената глина треба:
- да биде специјализирана за изработка на уметнички дела;
- да биде лесна за изработка и користење од почетници;
- да може да се пече и да содржи инструкции за користење.
Заинтересираните понудувачи треба да достават понуда за набавка на 18 различни бои глина и во истата за секоја боја да го наведат следното:
- Назив на производител и трговска марка на полимерната глина;
- Боја на полимерната глина;
- Тежина на едно пакување;
- Цена без ддв по парче и вкупна цена за 40 парчиња.
- Рок на траење
Покрај понудата, понудувачите треба да достават и пропратна документација:
- тековна состојба
- слики од секоја понудена боја и производ
- упатство за употреба на производот
- начин на испорака
Ве молиме понудите да ги доставите електронски на е-маил адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , најдоцна до 28 ноември, 2022 година.
Критериуми за избор на најповолна понуда:
- Цена за производот
- Цена на испорака
Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач и и ќе изврши избор на најповолен понудувач.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:
П О В И К З А П Р И Б И Р А Њ Е Н А П О Н У Д И
за набавка на алат за изработка на накит во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените
Повикот се однесува за набавка на алат за изработка на накит во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените, во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.
Заинтересираните понудувачи треба да испратат понуди за набавка на 20 мали линеарни електрични брусалки.
Понудувачите треба да достават:
Спецификација со цени и опис на алатот,
Ве молиме понудите да ги доставите електронски на е-маил адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , најдоцна до 14 ноември, 2022 година.
Критериуми за избор на најповолна понуда:
- Цена
- Услови за испорака и гарантен рок
Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.
Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), потпиша договот со ЦеПроСАРД за спроведување на Проект- ПОГОН – уникатна платформа поддржан во рамките на проектот “Поддршка на Социјалните Претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”. Проектот преку ЦеПроСАРД е финансиран од Европската Унија и има период на девет месеци почнувајќи од 13.10.2022 година.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работиме на локално, национално и во регионот на Централна и Југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации. Работиме на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права. Овие три стратегиски приоритети ги одразуваат нашите верувања дека социјалните и економските права треба да бидат највисок приоритет на државата и дека нивното спроведување треба да се темели на интересите и потребите на граѓаните, според принципот за распределба на максимални расположливи ресурси, прогресивно остварување на правата и недискриминација.
Како дел од Здружението ЕСЕ, функционира социјалното претпријатие ПОГОН, за чиј развој се објавува овој повик. ПОГОН е социјално претпријатие основано во август 2020 година и управувано од Здружението ЕСЕ. ПОГОН претставува платформа за е-продажба (www.pogon.mk). ПОГОН се стреми да создаде одржливо место за работа за жените што претрпеле семејно насилство, да го подобри квалитетот на производите подготвени од неформалните бизниси предводени од жени, да ја зајакне соработката меѓу формалните и неформалните бизниси, како и да го поддржи развојот на локални производи и услуги произведени на немасовен начин. ПОГОН има основна цел да создаде формално место кое ќе ги спои сите неформални производители на стоки и услуги и ќе им обезбеди простор за легална и пообемна промоција и продажба. Покрај тоа, концептот вклучува развој на вештини на жените што претрпеле семејно насилство за да можат да станат економски независни (повеќе од 2.900 невработени жени побарале поддршка од Центарот за правна помош на ЕСЕ). Како и да е, ПОГОН вклучува формални бизниси со цел да се поттикне и стимулира соработката и партнерството со неформалните и жените кои претрпеле семејно насилство. Главен предмет на продажбата на претпријатието се локални производи и услуги, и храна.
Како дел од редовните напори на ЕСЕ за поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство во насока на економско осамостојување и одржливост, на 12 и 13 октомври во соработка со дизајнерката Марија за корисничките на Центарот за правна помош во ЕСЕ беше спроведена обука за изработка на накит од полимерна глина и епоксидна смола.Целта на обуката за накит од епоксидна смола и полимерна глина е на учесниците да им обезбеди целосни информации за карактеристиките на материјалите и совладување на неопходните техники и вештини за самостојно изработување на различни креативни производи од полимерна глина и епоксидна смола. Оваа обука е дел од серијата обуки кои ги организира ЕСЕ, а по завршувањето на истата ЕСЕ ќе обезбеди материјали и алатки на учесничките за започнување со практична работа.