На ден 13.12.2022 година Здружение ЕСЕ одржа јавна дебата насловена „Како до унапредување на здравствената заштита за женското репродуктивно здравје и здравствената заштита на мајките и децата од ромските и руралните заедници“.
На јавната дебата од страна на Здружение ЕСЕ беа презентирани наодите од спроведеното истражување во ромските и руралните средини кое ЕСЕ го спроведе во тек на 2022 година. Наодите се однесуваа на бариерите со кои се соочуваат жените од руралните средини и жените Ромки во пристапот до здравствена заштита за репродуктивното здравје, со посебен фокус на гинеколошката здравствена заштита на примарно ниво и опфат на жените со програмата за скрининг на рак на грлото на матката и програмата за скрининг на дојка. Исто така беа презентирани наодите по однос на бариерите со кои се соочуваат мајките и децата од руралните средини и жените Ромки во однос на пристапот до здравствената заштита поврзана со бременоста, породувањето, педијатриската здравствена заштита на примарно ниво за доенчиња и деца до 15 годишна возраст, како и здравствената заштита на жените по породувањето. Воедно беа истакнати клучните потреби за унапредување на состојбите кои произлегоа од учесниците во истражувањето, односно населението од ромските и руралните средини.
На 16.12.2022 година Стојан Мишев од Здружение ЕСЕ учествуваше на емисијата Топ Тема на Телма на која се осврна на фактичката состојба на жените што претрпеле семејно насилство и функционирањето на системот за заштита.
Линк:
На 30.11.2022 претставник на ЕСЕ - Стојан Мишев, учествувуваше во емисија на Алсат М телевизија на која се дискутираше за состојбата на жените што претрпеле семејно насилство и потребата за подобрување на постапувањето на институциите во овие случаи.
Линк:
Национална конференција „Живот на периферијата”
Хотел Мериот, Скопје, 12 декември, 2022 година
Клучни фактори од животната средина кои имаат најголемо влијание врз појавата на хронични и акутни заболувања кај Ромите се загаденост на амбиенталниот и внатрешниот воздух (употреба на несоодветни и штетни горива, и пушењето); вода, санитарни услови и хигиена (немање вода за пиење, неквалитетна вода за миење и готвење, споделување на тоалет со други); управување со отпад (живеење до диви депонии); урбанизација и инфраструктурни услови (ѕидови и покриви од примитивни, природни или пак нестандардни материјали, и постоење на мувла или влага); и ризик при работа (директен контакт со отпад и отпадни води и изложеност на високи температури).
Во РСМ повеќе од 12 години дишеме шест пати по загаден воздух од дозволениот просек.....
Како резултат на континуирана изложеност на загаден воздух и комбинацијата на другите социо – економски фактори, нашите сограѓани умираат од болести на циркуларниот систем (инфаркт, мозочен удар итн.) и болести на респираторниот систем пет пати повеќе од граѓаните во земјите од ЕУ, како и од малигни заболувања за една третина повеќе од земјите од ЕУ. А пак, 60 % од Ромите имале акутно респираторно заболување во последните два месеци (кашлица, болки во грло, воспаление на бели дробови, бронхит итн.).
На 14 декември одржавме уште една работилница за изработка на производи од епоксидна смола и полимерна глина во просториите на Центарот за социјални претпријатија.
Активно се трудиме да придонесеме за подобрување на состојбата на жената и надминување на сериозниот проблем со семејното насилство.
Преку нашата онлајн платформа Погон.мк овозможуваме изложување, пласирање и промоција на производи и услуги со цел поддршка на неформални и мали формални производители или обезбедувачи на услуги.