Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

Работилница за внесување, обработка и анализа на буџети и буџетски документи

На 01 октомври 2015 година во просториите на Здружението ЕСЕ беше одржана еднодневна работилница за јакнење на капацитети на граѓани за буџет, буџетски процес на национално ниво, буџетски документи, анализа на буџетски податоци и користење на буџетски податоци. На работилницата беа обучени три лица кои во наредниот период ќе ги внесат и обработат податоците содржани во буџетските документи кои се однесуваат на периодот од 2011 до 2015 година. Подготвените анализи и податоци во текот на месец ноември ќе бидат објавени на интернет страницата www.fiskalnatransparentnost.org.mk во делот база на фискални податоци и истите ќе бидат достапни за користење од пошироката јавност.

Со оваа активност ЕСЕ има за цел да ја промовира важноста од буџетите и буџетските податоци, важноста од следење на имплементацијата на јавните политики од аспект на буџетска реализација и важноста од учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки со користење на конкретни факти и податоци.

Работилница за планирање на активности за застапување со примена на алатки за креативен активизам

Здружението ЕСЕ на 28 и 29 септември 2015 година во ГЕМ Клубот во Скопје  во соработка со Младинскиот Образовен Форум спроведува дводневна работилница за развивање на кампањи и план за застапување за унапредување на пристапот на децата Роми до превентивни здравствени услуги и вакцинација и жените Ромки до превентивни гинеколошки услуги преку примена на креативен активизам.

На работилницата учествуваат и трите ромски партнерски организации (КХАМ, РРЦ и ЦДРИМ). Покрај активностите за планирање, на работилницата  организациите се запознаа и со искуствата  од примена на алатки на креативен активизам во процесот за застапување од земјата и светот.

Почетна обука за социјална отчетност

Здружението ЕСЕ на 27 септември 2015 година во хотел Арка, Скопје, одржа почетна обука за примена на методологиите за социјална отчетност наменета за три партнерски организации (РРЦ, ЦДРИМ и КХАМ) кои работат на унапредување на здравјето на Ромите и унапредување на пристапот на Ромите до здравствени услуги. На обуката беа презентирани методологиите за мониотринг во заедницата и социјална ревизија. Воедно, на обуката организациите го презевтираа своето досегашно искуство и успеци од примената на овие методологии. 

Introduction training for paralegal programs

In the period 25-26th of September, Association ESE has organized the initial training for the paralegal programs on the system of health protection, health insurance and protection of patient’s rights. The training was attended by representatives from the Roma partner organizations which are providing paralegal assistance and support in their communities: Center for Democratic Development and Initiative (CDRIM) and Roma Resource Center (RRC) from Shuto Orizari, and Association KHAM from Delcevo.

The participants were addressed by representatives from the institutions involved in the health system: Angelina Bacanovic, Ministry of Health, Mihajlo Kostovski, State Health Insurance Fund and Vera Menkovska, from State Helath and Sanitary Inspectorate. The coordinators and paralegals from paralegal programs were informed in details about the mechanisms for protection of the rights of insured persons and protection of patient’s rights.

Read more...

Работна средба за унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер

На 25 септември 2015 година, во ГЕМ Клубот во Скопје, Здружението ЕСЕ спроведе работна средба за унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер. На работната средба учествуваа 15 претставници на ЈЗУ од Р. Македонија. Односно, учество земаа ЈЗУ ЗД Македонски Брод, ЈЗУ ЦЈЗ Велес, ЈЗУ Институт за јавно здравје, ЦЈЗ Тетово, ЦЈЗ Скопје, ЦЈЗ Охрид, ЈЗУ ЗД Скопје, ЈЗУ ЗД Струга, ЈЗУ ЗД Кавадарци, ЈЗУ ЗД Дебар и ЈЗУ ЗД Ресен.

На работната средба ЕСЕ и претставниците од јавните здравствени установи дискутира за: можните начини за унапредување на сегашното ниво на транспарентност во јавниот здравствен сектор;  начинот на кој досега се спроведува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и потешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени установи за целосно исполнување на законските обврски; можни чекори за унапредување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер; предлози за заедничка соработка и иницијативи на јавните здравствени установи и Здружението ЕСЕ итн.

Read more...

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre