Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

Оддаваме почит

Со големо жалење денес ја примивме веста за смртта на професорката Басотова. Со своето учество во работата на Извршниот одбор на ЕСЕ, како и на нејзиното посветено учество на активностите на здружението, резултираа со зголемување на учеството на жените во политичкиот и јавниот живот, но и со подобрување на статусот и положбата на жената воопшто. Професорката беше член на Извршниот одбор на ЕСЕ во два мандати, односно од 2001 до 2009 година. И благодариме за нејзината несебична поддршка низ годините и во оваа прилика и оддаваме посебна почит.

Read more...

Може ли да се следи спроведувањето на Цел 16.3?

Агендата 2030 за одржлив развој и 17-те Цели за Одржлив Развој  претставуваат глобален повик за акција за да се стави крај на екстремната сиромаштија, за да се обезбеди одржлива иднина и развој на нашата планета и за да им се овозможи на сите луѓе да уживаат еднакво во мир, правда и просперитет.

Развојната Цел 16.3 – Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на пристап до правда за сите, претставува централен елемент од шеснаесеттата развојна цел и ја препознава поврзаноста на пристапот до правда, намалувањето на сиромаштиjата и инклузивниот одржлив развој. Оваа цел обезбедува единствена можност да се даде рефлексија за тоа како националните влади можат да осигураат дека економскиот раст и развој и стратегиите за надминување на сиромаштијата го опфаќаат и пристапот до правда и иницијативите за правно зајакнување, како интегрален дел за остварување на овие цели.

Read more...

Семејното насилство може да има и фатален крај

Повеќе од 60% од убиствата на жени во Македонија е извршено од страна на нивниот партнер. Карантинот покажа дека семејното насилство може да има и фатален крај

 

Реакција за (не)одговорност на институциите

Најзасегнати во пандемијата се лицата кои живеат во супстандардни живеалишта и населби, со фокус на ромските средини. Вкупно 51 организација ја поддржаа реакцијата за (не)одговорност на институциите за овие граѓани

Учество во емисијата КОД за прибирањето и трошењето на средствата за справување со пандемијата

Дарко Антиќ од ЕСЕ вчера 17.05.2020, гостуваше во КОД и разговараше со Снежана Лупевска за прибирањето и трошењето на средствата за справување со пандемијата.

Погледнете ја целата емисија

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre