Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Почеток на процесот на создавање на накит „POGON”

На 18 и 19 мај, 2023 година, одржавме две работилници за изработка на накит од епоксидна смола во кои се склучија најмалку 5 жени кои користеле услуги во Центарот за правна помош на ЕСЕ. Овие работилници претставуваат продолжување на порцесот на создавање на нова линија на накит за ПОГОН кој започна во април за време на Социјалниот камп “ПОГОН” во Крушево.

За време на работилниците, жените имаа можност да се запознаат со техниката за изработка на накит од епоксидна смола, и да започнат со моделирање/изработка на веќе договорениот дизајн на производи.

Read more...

Петиција „Ромите и граѓаните бараат функционална Поликлиника во Шуто Оризари“!

Преку петицијата граѓаните бараат во Поликлиниката во Шуто Оризари да бидат обезбедени:

- Пункт за итна медицинска помош.

- Дополнителни две ординации со матични лекари.

-Специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија.

- Радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика).

- Зголемен број на патронажни сестри.

- Опремување на Дежурната служба

Ве повикуваме да ги подржите барањата со што ќе придонесете кон поквалитетна здравствена заштита на населението во Шуто Оризари, преку потпишување на електронската петиција на следниот линк https://chng.it/LPpyWwHKcY

Read more...

Социјален камп - ПОГОН

Изминатиот викенд (21-23 април 2023) повеќе од 20 жени и деца се запознаа со предизвиците, начинот на работа и успесите на три жени од Крушево кои своите вештини ги искористиле за започнување и развивање на сопствен бизнис, сите здружени во Крушевска жена; жените и децата добија можност практично да погледнат како овие три жени ги подготвуваат своите производи и во исто време да вкусат дел од нив; и на крајот жените и децата беа дел од креирањето на нашата нова приказна - ексклузивна линија на накит за ПОГОН кој во себе содржи длабока приказна која многу скоро ќе биде достапна за продажба во соработка со Mimi Equilibrium Arts Jewels!
 
ПОГОН, им нуди можност на жените да станат економски независни, да ги унапредат и искористат своите вештини, да започнат со сопствен бизнис, да го развиваат својот бизнис, да соработуваат и здружено да настапуваат.
 
Социјалниот камп се организираше во рамки на проектото "ПОГОН - уникатна платформа" со поддршка од CeProSARD.
 
 

Светска банка, студија “Жените, бизнисот и законот 2023 година”

Светска банка, студија “Жените, бизнисот и законот 2023 година”

Жените, бизнисот и законот 2023 година е деветта од серијата годишни студии кои ги мерат законите што влијаат на економските можности на жените во 190 економии. Студијата ја прикажува состојбата по однос на осум индикатори поврзани со  напредувањето на жените низ нивните животи и кариери: мобилност, работно место, плата, брак, родителство, претприемништво, средства и пензија.

Жените, бизнисот и законот 2023 ги идентификува бариерите за економското учество на жените и ја охрабрува реформата на дискриминаторските закони. Оваа година, студијата вклучува и ново истражување, преглед на литература и анализа на 53 години реформи за правата на жените. Студијата ја потврдува поврзаноста помеѓу законско уредување на родовата еднаквост и вработувањето и претприемништвото на жените.

Read more...

Прва средба на Групата за родова еднаквост и права на жените на Глобалната мрежа за правно зајакнување НАМАТИ

ЕСЕ е членка на глобалната мрежа за правно зајакнување НАМАТИ (повеќе за мрежата ве молиме видете на https://namati.org ).  Имајќи предвид дека правното зајакнување може да има важна улога во унапредување на правата на жените, во рамките на мрежата се формираше група на организации што работи на прашањето на родовата еднаквост и правата на жените. Оваа група составена од 17 организации се состана во март 2023 година (27-31 март) во Кампала, Уганда со цел да ја утврди стратегијата на мрежата по однос на ова прашање. Средбата беше организирана од страна на ФИДА, Уганда, членка на мрежата и НАМАТИ.

За оваа цел мрежата, односно членките на мрежата организираа средби за консултации во неколку региони глобално.  ЕСЕ организираше средба на граѓански организации од нашата земја и повеќе индивидуални интервјуа со претставници на ГО од регионот на Централна и Источна Европа, односно од Романија, Грција, Албанија, Бугарија и Косово.

Read more...

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre