Menu

За нас
ЕСЕ брошура


Н О В О

Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата


Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје (мк)


Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје (alb)


Остеопороза – тивка епидемија на современата жена






ICCO


EED



ICCO


EED

EED

www.health-rights.org

www.healthrights.mk


ЗДРАВСТВЕНИ ЦЕНТРИ ::

Menu
Македонски|English

Центар за правна помош


Зравствен информативен центар

Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство
sovetuvalishte


Абортус - Нема аргумент против






Nacionalna strategija

Zdravjeto kaj romite vo RM



ЕСЕ - Здравствен информативен центар

Поради недостаток на здравствена информација која се однесува на здравјето на жената во и околу периодот на менопауза, па дури и во репродуктивниот период од животот, ЕСЕ го отвори женскиот здравствен информативен центар во Скопје.

Здравствениот информативен центар има за цел да обезбеди еднакво достапна и бесплатна здравствена информација на сите жени без оглед на нивната возраст, финансиска состојба и етничка припадност.

Женскиот здравствен информативен центар е отворен за да Ве посоветува, да Ве насочи, да Ве упати, да Ве утеши и заедно со вас да ги совлада вашите проблеми.

Што нуди здравствениот информативен центар?

Центарот нуди бесплатна квалитетна здравствена информација и поддршка за проблемите кои ве загрижуваат, како што се:
     · Менопауза;
     · Контрацепција;
     · Остеопороза;
     · Совети за трудници
     · Сексуално преносливи инфекции
     · Совети за млади

Центарот исто така бесплатно нуди:

- брзи тестови за одредување на шеќер, холестерол и триглицериди во крвта;
- мерење на крвниот притисок
- одредување на параметри во урина

Центарот организира кампањи за бесплатни прегледи за дијагниостицирање на остеопорозата.   

ИМАЈТЕ ВО ПРЕДВИД ДЕКА:

     · Без оглед на тоа дали сте стапиле или не во сексуални односи веројатно имате многу прашања за контрацепција, болестите на репродуктивните органи  и други интимни проблеми. Ние можеме да ви понудиме одговори за некои од нив.
     · Менопаузата претставува крај на еден и почеток на друг период од животот на жената. Во Македонија има околу 300 000 жени над 50 години кои се во или набргу ќе влезат во периодот на менопауза. Бројот на жените над 50 години во Македонија се зголемува. Секоја втора жена над 50 години има ризик да развие остеопороза. Сепак, 8 од 10 жени не веруваат дека кај нив постои личен ризик за појава на остеопороза!


Како може да ја добиете информацијата која ви е потребна?
Едноставно јавете се на:

ЕСЕ - Здравствен информативен центар - Скопје

Тел: 02 32 98 713

E-mail: health@esem.org.mk


Секој работен ден од 14:00 до 16:00 часот
За да ја добиете информацијата или да закажете средба.
Основен принцип на работа на Здравствениот информативен центар е почитување на вашето право на доверливост на изнесените информации.

НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС!





Формулар