ЗАШТИТИ СЕ!!! СИДАТА Е И ВО ТВОЕТО СОСЕДСТВО - 01.11.2007
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.М - ЕСЕ, во соработка со ТРК Кафе започна акција за подигање на свеста кај младата популација за потребата од превенција на ХИВ/СИДА и сексуално преносливите инфекции. Имено, од денес 01.11.2007, сите посетители на ТРК Кафе ќе може да добијат бесплатни кондоми, но и едукативни брошури од областа на репродуктивното здравје, со посебен осврт кон практикување на безбедни сексуални односи и начини на контрацепција. Нашата определба е да се работи континуирано на унапредување на репродуктивното здравје во Р.М, и токму затоа оваа акција започнува порано од 1ви Декември – Светски ден на борба против сидата, а предвидено е да тече до март 2008 год. За овој временски период планирано е да се поделат 2000 кондоми и 1000 брошури од областа на репродуктивното здравје.
[повеќе] |
КАМПАЊА: ПОБЕДИ ЈА ПАСИВНОСТА! - 26.10.2007
Намали ги ризиците за остеопороза
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквoст на жените на Р.М – ЕСЕ, во партнерство со КЕНДИ дооел и со поддршка на Општата Болница Ремедика започна кампања за превенција од остеопороза. Покрај тоа што ќе ги насочи своите активности кон подигање на свеста кај жените за потребата од превенција од ова заболување, кампањата има за цел и да им помогне на жените кои имаат потреба од преглед, а не се во состојба самите да го обезбедат. Со купување на Суправит Остеовитал, витамински препарат кој служи за профилакса на остеопорозата, жените од една страна ќе покажат грижа за сопственото здравје, но ќе им помогнат и на жените кои имаат неопходна потреба од прегледи за утврдување на остеопороза. Имено, со секој купен Суправит Остеовитал ќе се издвојуваат по 10 денари, кои ќе се наменат за преглед за остеопороза на жените кориснички на услугите на Женскиот Здравствен Информативен Центар – ЕСЕ. Во рамките на кампањата се очекува да се соберат средства за преглед на 25 жени.
[повеќе] |
СТАВИ ТОЧКА. ПОМОГНЕТЕ НАСИЛСТВОТО ДА СТАНЕ МИНАТО! - 30.11.2006

 Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ- ЕСЕ, Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје, Националната СОС линија (ОЖС), Кризниот Центар Надеж, Шелтер центарот, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП) се носители на овогодинешната кампања во рамките на “Меѓународните 16 дена активизам против насилството врз жените”.
[повеќе] |
УН Фонд на ОН доделува грант на БЈР Македонија за справување со насилството врз жените - 08.12.2005
24 Ноември 2005, Скопје – УНИФЕМ за Централна и Источна Европа и УНДП во БЈР Македонија со задоволство објавуваат дека Фондот на ОН за елиминација на насилството над жените додели грант на проект во БЈР Македонија што го спроведува Граѓанското здружение Акција Здруженска (АЗ), во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаковост на жените (ЕСЕ).
[повеќе] |
Меѓународни 16 дена на активност против насилството врз жените (25 ноември -10 декември) - 08.12.2005
Меѓуинституционална соработка за справување со семејно насилство во Република Македонија
Како резултат на заедничките определби на релевантните владини институции и невладини организации на полето на борбата против семејно насилство, оваа година во рамките на “16 Меѓународни дена на активизам за борба против насилството врз жените”, ќе се спроведе кампања со наслов: Меѓуинституционална соработка за справување со семејно насилство во РМ. Мотото на капањата е: „Не сокривај, пријави”.
Носители на кампањата се Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ- ЕСЕ, Националната СОС линија при ОЖС, Кризниот центар - Надеж, Шелтер центарот, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.
Во рамките на кампањата ќе се реализираат активности насочени кон професионалните структури кои работат на самиот проблем, како и подигање на јавната свест, особено кај жртвите на семејното насилство.
[повеќе] |
Вести и Архива
|
|