| |
Menu
|
| Има
48
текстови на
7
страни а Вие сте на
1
-та страна |
ПАРАПРАВНА ПОМОШ И ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИ
-
23.03.2012
На 17 март, 2012 година во хотел Best Western, Скопје се одржа третата обука за лица кои обезбедуваат параправна помош во рамките на програмата за параправна помош и олеснување на пристапот до системот за заштита на правото на здравствена заштита, здравствено осигурување и заштита на правата на пациенти. Обуката имаше за цел подетално запознавање на параправниците со правата од областа на социјалната заштита во РМ и постапките, начинот и условите за остварување на одделните права од областа на социјалната заштита согласно на Законот за социјална заштита и Правилникот за начинот на остварување и користење на правото на социјална парична помош.
[повеќе] |
Апел за помош
-
21.03.2012
Ти можеш да ја вратиш насмевката на Бране
 Да му помогнеме на ова 20 годишно момче кое боледува од Вилсонова болест. Потребни му се големи финансиски средства за лекување во странство и едномесечни контроли, кои ги плаќа приватно. Сите заедно да му помогнеме на Бране Петкоски пак да биде насмеан и среќен, да се врати во студентските редови, да ја добие битката во оваа борба за живот. Да ги отвориме срцата и да донираме, да бидеме ХУМАНИ!
* ДОНИРАЈТЕ од СРЦЕ за СРЦЕ * - 077 143 776 (за VIP); - 075 143 143 (за ONE ) - 070 143 121 (за Т-Mobile) бр. на жиро сметка 300277078841336 -КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје Ви благодариме
[повеќе] |
Работилница “Човекови права во здравствена заштита” – 06.02.2012
-
06.02.2012
Во рамките на проектот: „Човекови права во здравствена заштита“, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ-ЕСЕ во периодот 03-05 февруари 2012 година, одржа работилница на тема “Човекови права во здравствена заштита”. Проектот е финансиски поддржан од Програмата за јавно здравство на Фондациите отворено општество од Њујорк и Фондацијата отворено општество Македонија.
[повеќе] |
НОВОГОДИШНА ЗАБАВА - 25.12.2011
-
06.02.2012
Новогодишните празници се период кога сите ние даруваме и се трудиме да го направиме нашето опкружување посреќно.
И оваа година како и 15 години наназад, Здружението ЕСЕ традиционално организира Новогодишна забава за дечињата на своите клиенти. Оваа новогодишна забава воедно имаше за цел да ја одбележи и да ја потврди нашата посветеност и работа на полето на унапредување на положбата на жената во нашето општество, постигнување на социјална правда и еднаквост.
На 25 декември 2011 година (недела), во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 12 часот се одржа Новогодишен концерт и забава за 90 дечиња и нивните родители. Новогодишната забава се спроведе во два дела, односно едночасовна музичка програма со Супер Ѕвезда и еден час новогодишна претстава и делење на пакетчиња со Дедо Мраз. По завршувањето на забавата се одржа коктел за присутните.
.JPG)
[повеќе] |
НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ НА РАБОТНО МЕСТО
-
30.11.2011
Истражувањето на психичкото вознемирување и на сексуалното вознемирување од родова перспектива претставува важен чекор во насока на утврдување на фактичката положба на жената на работното место во јавниот и во приватниот сектор. Недостатокот на соодветни и во доволен обем истражувачки податоци и анализи во однос на овие две појави е причина за спроведување на ова истражување. Дополнително, овие појави не се разгледувани со особена важност ниту од страна на синдикалните организации, кои треба да претставуваат вистински репрезент во обезбедувањето на соодветна заштита на работниците.
Студијата „Насилство врз жени на работно место“ е поделена на две тематски целини соодветни на предметот на истражување, при што секоја од нив содржи податоци за застапеноста и видовите на двата вида на насилство, зачестеноста и последниот инцидент, реакцијата на жртвите и последиците кои овие видови на насилство го имаат врз здравјето на жртвите. Предмет на анализа беше и влијанието на професионалните карактеристики и организациската култура врз појавата на овие видови на насилство.
Врз основа на севкупната анализа произлегоа заклучоци и препораки за унапредување на состојбите во однос на третманот на двата видови на насилство во нашата земја, содржани во третиот дел на студијата.
Истражувањето е финансиски поддржано од CNV Internationaal и е спроведено со помош на Унијата на независни синдикати.
[повеќе] |
ПАРАПРАВНА ПОМОШ И ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИ
-
08.11.2011
Во перидот 05-06 ноември, 2011 година во хотел Best Western, Скопје се одржа втората обука за лица кои обезбедуваат параправна помош во рамките на програмата за параправна помош и олеснување на пристапот до системот за заштита на правото на здравствена заштита, здравствено осигурување и заштита на правата на пациенти. Обуката имаше за цел подетално запознавање на параправниците со системот и постапките за заштита на правата на пациенти, правото на здравствена заштита и правата од здравствено осигурување. На обуката параправниците имаа можност да се запознаат со различните видови на поднесоци и нивната содржина во однос на остварување и заштита на правата од областа на права на пациенти, здравствена заштита и здравствено осигурување. Поголемиот дел од обуката беше наменет за практична работа, односно спроведување на вежби и разгледување на примери од споменатите области и утврдување на начин за постапување по истите, вклучувајќи и подготовка на различни видови на поднесоци.

[повеќе] |
|
|
Menu
|