Menu

За нас
ЕСЕ брошура


Н О В О

Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата


Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје (мк)


Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје (alb)


Остеопороза – тивка епидемија на современата жена






ICCO


EED



ICCO


EED

EED

www.health-rights.org

www.healthrights.mk


ПРОГРАМИ :: Женско здравје и јавно здравје

Menu
Македонски|English

Центар за правна помош


Зравствен информативен центар

Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство
sovetuvalishte


Абортус - Нема аргумент против






Nacionalna strategija

Zdravjeto kaj romite vo RM



Цели на програмата

  • Унапредување на женското здравје.
  • Обезбедување на соодветна и квалитетна здравствена информација која ќе им овозможи на жените да бидат подготвени да донесуваат здрави одлуки,  и
  • Унапредување на положбата на жените во здравствениот систем, со посебен осврт кон маргинализираните групи на жени
  • Унапредување на здравјето на Ромите

Како ја постигнуваме целта на програмата?
-Обезбедуваме бесплатни, квалитетни и професионални здравствени совети и поддршка на жените од сите возрасти, дадени од страна на здравствени професионалци
-Вршиме проценка на состојбата со репродуктивното здравје на жените и мажите во Македонија.
-Го подобруваме  пристапот кон здравствените услуги за Ромите, со посебен осврт кон жената Ромка.

Кои се нашите активности во рамките на програмата за работа 2010?

1. Женски здравствен информативен центар
Во 2004 година, во рамките на ЕСЕ се отвори Женски здравствен информативен центар, чија цел е обезбедување на бесплатна, квалитетна и веродостојна информација  и советување на жените по однос на гинеколошките здравствени проблеми и остеопороза. Во текот на своето работење, дејностите на центарот се проширија, така да во центарот се нуди бесплатно мерење на шеќер, маснотии и холестерол во крв, како и мерење на крвен притисок. Воедно во центарот се обезбедуваат витамини и контрацептиви за клиентките на центарот Мотото на центарот е “Зајакнувањето започнува со информација”. Поаѓајќи од нашата визија дека сите жени треба да донесуваат слободен избор по однос на нивното здравје, репродукција и сексуалност – свет во кој жените ќе можат да го остварат својот потенцијал и ќе практикуваат здрави животни навики, активностите на центарот ги адресираат потребите на жените низ целиот животен циклус (од адолесценција до менопауза).

Активностите се спроведуваат преку:

  • Континуирано работење на Женскиот здравствен информативен центар (информирање и советување на жените по однос на гинеколошки проблеми, општи здравствени проблеми и остеопороза, мерење на параметри во крв, како и обезбедување на витамини, лекови и контрацептивни средства за клиентките на центарот)
  • Организирање на два јавни настани годишно, за подигање на свеста за посебните потреби на женското здравје

 

2. Анализа и развивање на политика за унапредување на репродуктивно здравје на локално ниво

Планираната програма за работа за периодот 2010 за работа на локално ниво претставува продолжување и проширување на дел од спроведените програмски активности на ЕСЕ, како и искористување на веќе стекнатите искуства и капацитети за работа на полето граѓанско учество, како и  континуирана обука во областите со управување на етнички различности во процесот на обезбедување и користење на јавни услуги преку креирање на етнички непристрасни политики на локално ниво во рамки на програмата на ЕСЕ за „Јавна политика и добро управување“.

Соодветно на тоа, во 2010 година ќе работиме на унапредување на капацитетите на релевантните актери и институции на локално ниво, преку мулти-дисциплинарен пристап на обука кој ќе се однесува на стекнување на знаење за обезбедување на јавните услуги преку специфични модули за обука кои ќе опфаќаат споделување на моќта, креирање на родово сензитивни и етнички инклузивни политики и знаење за малцинските права. Активностите се во согласност со потребите на  локалната самоуправа во областа на обезбедување на јавни услуги, кои преку обуките ќе се промовираат и применат во пракса.

Овој процес на јакнење на капацитетите ќе биде следен со процеси на спроведување на анализи и развивање на политики на локално ниво и тоа анализа и развивање на политики за унапредување на репродуктивното здравје и анализа и политика за  унапредување на системот за заштита од семејно насилство на локално ниво.

Активностите за анализа и развивање на политика за унапредување на репродуктивното здравје на локално ниво се спроведуваат преку:

  • Активности за мониторирање на имплементација на програмите за репродуктивно здравје и мониторинг на буџетите на овие програми на локално ниво во двете општини
  • Подготовка на локална ситуациона анализа по однос на репродуктивното здравје и права на населението во двете општини
  • Подготовка на локални планови за унапредување на  репродуктивното и сексуално здравје и права
  • Подигање на јавната свесност на населението за унапредување на репродуктивното здравје, со посебен осврт кон руралното население

 

3. Пристап до лековите за унапредување на здравјето на жените, со посебен осврт на лековите за остеопороза и хормонални препарати

Во рамките на програмата Женско здравје и јавно здравје за периодот 2010 се продолжува и проширува делокругот на досега спроведуваните програмски активности, како и искористување на веќе стекнатите искуства и капацитети за работа на полето на здравјето на жените, репродуктивното здравје, како и во областа на мониторинг на имплементацијата на здравствените програми и мониторинг на здравствените буџети. Па така, во 2010 на национално ниво оваа програма своите активности ќе ги насочи кон подобрување на достапноста на лековите за здравјето на жените, односно лековите кои се даваат за третман на остеопороза, како и препаратите на женски хормони, а се со цел унапредување на здравјето на жените.

Активностите се спроведуваат преку:

  • Активности за мониторирање на набавката на лековите за остеопороза и женските хормонски препарати, кои се на позитивната листа и се финансирани од страна на Фондот за здравствено осигурување, како и мониторинг на недостигот од овие лекови.
  • Активности за одредување на пропорцијата на приватни плаќања, наспроти плаќањата од страна на ФЗО за лековите за остеопороза и женските хормонски препарати, кои се на позитивната листа
  • Подготовка на Стратешки документ и
  • Активности за подигање на јавната свесност за пристапот до лековите од интерес, како и за прашањата поврзани со набавката на истите лекови.