Menu

За нас
ЕСЕ брошура


Н О В О

Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата


Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје (мк)


Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје (alb)


Остеопороза – тивка епидемија на современата жена






ICCO


EED



ICCO


EED

EED

www.health-rights.org

www.healthrights.mk


ПРОГРАМИ :: Женски човекови права

Menu
Македонски|English

Центар за правна помош


Зравствен информативен центар

Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство
sovetuvalishte


Абортус - Нема аргумент против






Nacionalna strategija

Zdravjeto kaj romite vo RM



Цели на програмата :

  • Обезбедување на бесплатна правна и психосоцијална помош и поддршка, како и  судско застапување на жртвите на семејно насилство
  • Промовирање на системот на заштита на жртви на семејно насилство заради запознавање на општата и стручна јавност со постоечките сервиси за заштита
  • Воспоставување на соработка, размена на информации и искуство помеѓу институциите и здруженијата на граѓани кои работат на полето на семејното насилство со цел градење на мултидисциплинарен и координиран пристап
  • Промовирање на меѓународните стандарди за заштита на женските човекови права  и следење на нивната имплементација на национално ниво
  • Следење и оценка на ефектите од имлементацијата на законските решенија  во однос на семејното насилство, заради нивно понатамошно унапредување

Како ја постигнуваме целта на програмата?

- Го обезбедуваме правото на достапен и ефикасен пристап до правдата, посебно за оние кои се наоѓаат во исклучително тешка положба- жртвите на семејно насилство, преку нудење на концептот на бесплатна правна помош
- Организираме средби на кои ги идетификуваме недостатоците во имплементација на Законите кои го третираат семејното насилство
- Ги преточуваме позитивните практити во пишани процедури за постапување на професионалците во случаи на семејно насилство.
- Подготвуваме нацрт стандарди  за квалитетно и ефикасно обезбедување на секоја од достапните услуги, вклучувајќи сместување на жртвата, психосоцијална поддршка, правна помош и др. со граѓанските организации кои работат на ова поле
- Градиме  соодветни законски и подзаконски решенија, кои ке овозможат унапредување на досегашното законодавство на полето на семејно насилство.

Кои се нашите активности во рамките на Програмата за работа 2010?


1. Центар за правна помош и Психолошко советувалиште за жени-жртви на семејно насилство

Во 2002 година, здружението ЕСЕ го иницираше концептот на бесплатна правна помош наменет за жртви на семејно насилство, кој се наметна како потребен и итен согласно објективната непожелна социо-економска положба  во Р.М.Основна цел на спроведувањето на овој концепт, покрај давањето бесплатни правни совети и судско застапување за жените -жртви, е и подобрувањето на степенот на нивната правна  писменост , како и иницирање на процесот на нивно активно учество во заштита на  нивните права. Во 2003 година, доменот на работа на ЦПП се прошири со отворање на две локални канцеларии во Тетово и Штип во рамки на две локални невладини организации. Во 2004 година  се прошири доменот на работење на центарот со превземање на кривични предмети кои се гонат по приватна тужба, што претставува дополнителна можност за заштита на жртвите на семејно насилство.
Во 2008 година, Здружението го воспостави првото специјализирано Психолошко советувалиште за жените –жртви на семејно насилство. Имено и покрај потребата и законската предвиденост на обезбедувањето на психосоцијална помош и поддршка за жртви на семејно насилство како мерка за заштита, до 2008 година истата не беше возможно да се обезеди поради непостоење на соодветно советувалиште. Од овие причини изготвивме Програма за работа со жртвите, низа инструменти за проценка при обезбедување на помошта и поддршката и Прирачник за работа наменет за професионалците и институциите, односно организациите кои ќе работат на обезбедување на ваков вид специјализрана помош и поддршка. Советувалиштето преставува специјализиран вид на советувалиште кое нуди директна психосоцијална поддршка за сите жртви на семејно насилство кои се подготвени да го прекинат кругот на насилство и да го променат дотогашниот начин на живеење. Советувалиштето нуди повеќе видови на помош и тоа во домените на превенција, советување и кризна или пост- трауматска интервенција.Корисници на психолошкото советувалиште се жените - жртви на семејно насилство, но исто така и децата како секундарни жртви на насилство. Процесот на помош и поддршка се остварува преку одржување редовни средби на индивидуално ниво или група и по нивно претходно закажување.

Активностите се спроведуваат преку:

  • Континуирано работење на Центарот за правна помош во Скопје (бесплатна правна помош, судско застапување и психосоцијална помош и поддршка за жртви на семејно насилство)
  • Континуирано работење на Психолошкото советувалиште во Скопје
  • Активности за промоција на Центарот за правна помош  и Психолошкото советувалиште за жените – жртви на семејно насилство

 

2. Анализа и развивање на политика за унапредување на системот за заштита од семејно насилство на локално ниво

Планираната програма за работа за периодот 2010 за работа на локално ниво претставува продолжување и проширување на дел од спроведените програмски активности на ЕСЕ, како и искористување на веќе стекнатите искуства и капацитети за работа на полето граѓанско учество, како и  континуирана обука во областите со управување на етнички различности во процесот на обезбедување и користење на јавни услуги преку креирање на етнички непристрасни политики на локално ниво во рамки на програмата на ЕСЕ за „Јавна политика и добро управување“.

Следствено на тоа, во 2010 година ќе работиме на унапредување на капацитетите на релевантните актери и институции на локално ниво, преку мулти-дисциплинарен пристап на обука кој ќе се однесува на стекнување на знаење за обезбедување на јавните услуги преку специфични модули за обука кои ќе опфаќаат споделување на моќта, креирање на родово сензитивни и етнички инклузивни политики и знаење за малцинските права. Активностите се во согласност со потребите на  локалната самоуправа во областа на обезбедување на јавни услуги, кои преку обуките ќе се промовираат и применат во пракса.

Овој процес на јакнење на капацитетите ќе биде следен со процеси на спроведување на анализи и развивање на политики на локално ниво и тоа анализа и развивање на политики за унапредување на репродуктивното здравје и анализа и политика за  унапредување на системот за заштита од семејно насилство на локално ниво.

Активностите за анализа и развивање на политика за унапредување на системот за заштита од семејно насилство на локално ниво се спроведуваат преку:

  • Идентификување на членови на работна група која ќе учествува во подготовка на анализите на институционалниот одговор (постапувањето на актерите од граѓанскиот и кривичноправниот систем на заштита на жртвите на семејно насилство на локално ниво)
  • Организирање на информативна средба
  • Подготовка на прашалници за спроведување на квантитативна анализа
  • Прибирање на достапна документација за буџетски приходи/расходи
  • Доставување на прашалници и прибирање на податоци од институциите
  • Подготвување на прашалници за спроведување на квалитативни интервјуа  со професионалци кои на локално ниво работат на полето на семејно насилство
  • Спроведување на интервјуа со професионалци од релевантните институции
  • Подготовка на анализата на институционалниот одговор кон семејното насилство (актерите од граѓанскиот и кривично правниот систем за заштита) и развивање на препораки
  • Печатење на наодите од анализите
  • Подготовка на акционен план  за справување со семејното насилство на локално ниво.
  • Организирање на трибина за промовирање на препораките од анализата и Локалниот акциски план( ЛАП).

 

3. Промовирање на меѓународните стандарди за заштита на Женските човекови права преку следење на нивната имплементација на национално ниво

Еден од моќните контролни механизми за следење на имплементацијата на женските човекови права е подготовката на Извештај во сенка кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената.  Имено, ЕСЕ во 2006 година го подготви и го презентираше првиот Извештај во сенка кон оваа конвенција пред Комитетот а елиминирање на сите форми на дискриминација на ОН. Следствено на процесот на известување Комитетот задолжен за следење на имплементацијата на конвенцијата упати заклучни препораки до нашата држава. Нашата држава во 2011, треба да го поднесе својот комбиниран четврти и петти извештај за спроведување на конвенцијата. Оттука и важноста за подготовка на  втор Извештај во сенка, кој повторно ќе обезбеди релевантни информации напоредно со оние кои ќе бидат обезбедени од страна на државата. Поради ова ЕСЕ во рамките на оваа програмска компонента ќе спроведе фактичка анализа на дискриминаторските практики со кои се соочува жената во Р. Македонија во сите општествени сфери, како и анализа на напредокот на нашата држава соодветно на упатените препораки од страна на Комитетот за елиминирање на сите форми на дискриминација.

Активностите се спроведуваат преку подготовка на фактичка анализа за положбата на жената во Р. Македонија, односно:

  • Утврдување на репрезентативен примерок на истражувањето
  • Организирање на еднодневна обука / инструктажа
  • Спроведување на истражувањето
  • Спроведување на  фокус групи заради утврдување на состојбата на посебни ранливи групи на жени
  • Транскрипција/обработка на податоците од спроведените  интервјуа /фокус групи
  • Подготовка на фактичка анализа
  • Активности за промовирање на клучните наоди од спроведената анализа (организирање на јавни дебати во три регионални подрачја и организирање на централен промотивен настан)