Menu

За нас
ЕСЕ брошура


Н О В О

Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство


Анализа на засолништата


Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје (мк)


Прирачник за сексуално и репродуктивно здравје (alb)


Остеопороза – тивка епидемија на современата жена






ICCO


EED



ICCO


EED

EED

www.health-rights.org

www.healthrights.mk


ПРОГРАМИ :: Развојни активности

Menu
Македонски|English

Центар за правна помош


Зравствен информативен центар

Психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство
sovetuvalishte


Абортус - Нема аргумент против






Nacionalna strategija

Zdravjeto kaj romite vo RM



Развојни активности

Цели: Воспоставување и оддржување партнерства со домашните и регионалните организации и институции и развивање на концептот на општествена одговорност.

Како ја постигнуваме целта на програмата?

  • Ги јакнеме нашите капацитети за прибирање средства
  • Ги подобруваме односите со јавноста и градиме стратешки партнерства со домашни и регионални партнери

Кои се нашите активности во рамките на програмата за работа 2010?


1. Активности за прибирање на средства во насока на развивање на индивидуална филантропија

Во рамките на оваа програмска компонента ЕСЕ ќе продолжи со реализирање на активностите за развој на индивидуална филантропија и развивање на извори за одржливост на активностите поврзани со обезбедување поддршка на жртвите на семејно насилство.  Во таа насока ќе биде подготвено и печатено писмо за донации, кое потоа ќе се дистрибуира на до потенцијалните индивидуални донатори. Врз основа на прибраните средства, односно донаторите ќе се изврши редовно обновување на податоците во базата на донатори на ЕСЕ. На секој донатор на ЕСЕ ќе му биде испратено писмо за благодарност.

Активностите се спроведуваат преку:

  • Подготовка и печатење на писмо за донации и нејзино дистрибуирање до индивидуални донатори
  • Дополнување на базата на податоци за донатори и испраќање на писмо за благодарност


2.
Организациски развој

Во духот на континуирано градење на организациските капацитети и во 2010 година планирани се активности во насока на унапредување на човечките капацитети и организацискиот развој на ЕСЕ.

Активностите се спроведуваат преку:

  • Обука за прибирање средства (напредна, заснована врз досегашното искуство на ЕСЕ во прибирање на средства)
  • Подготовка на план за прибирање на средства преку нивно интегрирање во рамките на одделните програмски цели и активности
  • Подготвока на план за односи со јавност преку нивно интегрирање во рамките на одделни програмски цели и актиности