|
|
ПРОГРАМИ :: Јавна политика и добро владеење |
|
|||
Планираната програма за работа за периодот 2010 за работа на локално ниво претставува продолжување и проширување на дел од спроведените програмски активности на ЕСЕ, како и искористување на веќе стекнатите искуства и капацитети за работа на полето граѓанско учество, како и континуирана обука во областите со управување на етнички различности во процесот на обезбедување и користење на јавни услуги преку креирање на етнички непристрасни политики на локално ниво во рамки на програмата на ЕСЕ за „Јавна политика и добро управување“. Следствено на тоа, во 2010 година ќе работиме на унапредување на капацитетите на релевантните актери и институции на локално ниво, преку мулти-дисциплинарен пристап на обука кој ќе се однесува на стекнување на знаење за обезбедување на јавните услуги преку специфични модули за обука кои ќе опфаќаат споделување на моќта, креирање на родово сензитивни и етнички инклузивни политики и знаење за малцинските права. Активностите се во согласност со потребите на локалната самоуправа во областа на обезбедување на јавни услуги, кои преку обуките ќе се промовираат и применат во пракса. Во рамките на оваа програма ќе се спроведе сеопфатен процес за јакнење на капацитетите на локалните власти и граѓанските организации на локално ниво, низ три модули на обука. Овој процес на јакнење на капацитетите ќе биде следен со процеси на спроведување на анализи и развивање на политики на локално ниво и тоа анализа и развивање на политики за унапредување на репродуктивното здравје и анализа и политика за унапредување на системот за заштита од семејно насилство на локално ниво. Активностите за јакнење на капацитетите на локалните власти и граѓанските организации на локално ниво се спроведуваат преку:
Модулите ќе бидат испорачани од координаторите на програми во ЕСЕ и тоа првиот модул од координаторот за јавна политика и добро управување, вториот од координаторот на програмата жени и здравје и третиот од координаторите на програмата за женски човекови права. Модулите се избрани како резултат на мулти - дисциплинарноста на самиот процес на обука. Имено, првиот модул е избран бидејќи со проектот ќе се опфатат две општини кои се одликуваат со мултиетнички карактер. Како такви, од особена важност е во нив да се зајакнат капацитетите на Комисиите за односи меѓу заедниците кои претставуваат филтер за носењето на одлуките на локално ниво, односно одлуки што ги засегаат немнозинските заедници во областа на јазикот, културата и образованието. Оваа компонента особено ќе биде круцијална не само за локалните власти, туку и за самите граѓани затоа што преку овој модул ќе се запознаат со најважните алатки за тоа како се креира етнички непристрасна политика и иницијатива, и како се носат инклузивни политики без притоа да настане конфликт, особено во процесот на обезбедување на јавните услуги. Вториот модул се однесува на репродуктивното здравје и здравствените буџети и бидејќи во општините постои сектор за јавни дејности под кои спаѓаат одделенијата за здравство и социјална заштита, од особена важност е да се вклучат претставниците од овие одделенија во обуката, за да можат подоцна да учествуваат во создавањето на акциони планови во областа на здравството. Третиот модул се однесува на семејното насилство, феномен којшто го третира повторно секторот за јавни дејности, односно одделението за социјална заштита. Трите модули претставуваат комплементарна целина која во голема мерка ќе ги зајакне локалните капацитети за мулти-секторски и мулти-дисциплиниран пристап при идентификување на политики и обезбедување на јавни услуги во мултиетнички општества и ќе придонесе кон создавање на инклузивна, родово-сензитивна, етнички непристрасна и политика ориентирана кон корисниците.
|